KOБHA HECРЕЌА ВО СРБИЈА: Воз удpи во автобус, најмалку 3 зaгинaти и над 20 повpeдени!

  • December 21, 2018

Три лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во удар на воз во аутобус на одбележан железнички премин, но без рампа, кај Ниш. Како што јави РТС, автобусот превезувал деца во училиште.

Српското МВР соопшти дека три лица загинале, а 22 се повредени и оти несреќата се случила околу седум часот и 30 минути. Според неофицијални информаци на „Блиц“, загинале две возрасни лица и едно дете, а 26 лица се повредени.

Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.

Претставници на нишкиот Клинички центар за Танјуг изјавиле дека во болница се примени повеќе од 20 лица и оти во тек е дијагностика. Директорот на Брзата помош рекол дека шест лица се потешко повредени, а 16 полесно.

Компанијата „Инфраструктура на железницата на Србија“ соопшти дека несреќата се случила на патен премин кој е обезбеден со знаци за вертикална патна сигнализација (немало рампа), информира Танјуг.

Претходно «
Следно »