April 22, 2021, 10:01 pm

Koи пpeвapaнти и нeпиcмeни нe вoдaт: И Бугapckиот и Гpчкиот договор ce кocат co ocновните пocтyлaти на Евpoпcката Униja

Поврзано

(Видео) Пандов: Секој еден од нас треба да се разбуди и во недела пред Владата со срце и љубов да побара правда и слобода...

Претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Пандов во денешното издание на "Неделен брифинг" на Инфомакс порача дека секој...

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

(Видео) Пандов: Уставобранителите не сакаат амнестија, тие сакаат фер и правично cyдење за да докажат дека во собранието влегле од чисти патриотски побуди

Претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, во своето гостување во вонредното издание на емисијата Неделен брифинг на...
- Advertisement -

Годината е 2021, а Македонија точно 20 години е во чекалната на Европската Унија, откако на 9 април 2001 го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација со Европската Унија. Иако Договорот е потпишан 2001 истиот е ратификуван дури во 2004 година година од страна на сите членки на Унијата.

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ доби 8 последователни препораки за почеток на преговорите со Европската Унија од кои 6 беа безусловни, додека актуелната Влада на СДСМ доби 3 препораки, но истите никако да почнат.

Сепак и покрај промената на името на државата, Македонија во 2019 година се соочи со француско вето, за кое причината според францускиот претседател Емануел Макрон беа неопходните реформи на Европската Унија и начинот на кои што се станува дел од Унијата.

И покрај дословното прифаќање на барањата на Европската Унија, Македонија се соочи со уште едно вето минатата 2020 година, овој пат од Бугарија.

Овој пат покрај реформските барања, од страна на Бугарија беа доставени фашизоидни барања кои се однесуваат на македонскиот национален идентитет, јазик и историја со што дефакто се оспорува посењето на македонска нација.

Се чини македонските политичари не ја научија лекцијата потпишувајќи договори со соседите, особено не кога станува збор за потпишување на договори кои можат да бидат пречка во натамошното интегрирање на Македонија во Европската Унија.

1995 година, Киро Глигоров ја потпиша Привремената спогодба со Грција со која формално отпочнаа преговорите за името, започна да се користи референцата БЈРМ, а беше сменето и знамето, за возврат Македонија доби црно на бело дека нема да биде блокирана од страна на Грција во нејзината интеграција во меѓународни институции.

И се ќе беше во ред доколку Македонија во 2008 година не добиеше вето од страна на Грција за членство во НАТО, а не отпочна ниту преговори за членство во ЕУ и покрај позитивните препораки, како што напоменав веќе 11 по ред, што значи дека Македонија 11 години не може да отпочне преговори со ЕУ.

Се чини дека 3-4 часа на ден на училиште очигледно не се доволни за да се води држава, па така Зоран Заев во својот прв мандат потпиша не еден туку два договори со соседите кои дефакто го дефинираат македонскиот национален идентитет.

Во предвод Зоран Заев не е ученик на историјата и дозволи истата да се повтори.

Да започнеме со обратен редослед од Договорот од Преспа.

Накратко членот 7 го ограничува, односно дефинира македонскиот национален идентите дефакто менувајќи го на хартија за што понатаму ќе објасниме дека е спротивно на Уставот на Европската Унија, но и на Декларацијата за човекови на права на Обединетите Нации и правото на самоопределување. Членот 8 пак од договорот го забранува користењето на симболи кои со векови ги користат Македонците, но и забрана за повикување на историски личности кои Македонците ги чуствуваат како свои.

Свесен за фактот дека „еурофилите“ воопшто не ги интересира „национализам“, „патриотизам“ или пак идентитет на својот народ ќе напоменам дека овој Договор може да создаде понатаму сериозни проблеми за членството на Македонија во Европската Унија благодарение на членот 1 со кој дефакто Грција добива кард бланш за блокирање на Македонија на секое поглавје од преговорите со Европската Унија.

Иако Македонија во 2011 ја доби Грција на меѓународниот суд во Хаг и доби потврда дека Грција ја прекршила привремената спогодба, блокирајќи го членството на Македонија во НАТО, со Договорот од Преспа, Грција и формално правно доби право да става вето на интеграцијата на Македонија во меѓународни институции!

Но тоа не е се како што напоменав Македонија во моментов се соочува со бугарско вето и нови идентитетски барања во замена за интеграција во Европската Унија благодарение на Договорот за добрососедство потпишан исто така од Зоран Заев кој е цел на слободно толкување од страна на бугарската страна.

Со Договорот, Заев прифати формирање на комисија која ќе разговара за историски „факти“, а никаде во Договорот од страна на Бугарија не беше прифатена реалноста за постоење на македонски јазик, со ова Заев реално прифати понатамошно дефинирање на македонскиот национален идентитет.

Доаѓаме до суштината на насловот дека со Македонија раководат преваранти и неписмени, луѓе кои ниту ја познаваат, ниту ја учеле историјата, ниту научиле од неа, а за неа преговараат доведувајќи ја интеграцијата на државата во меѓународни институции во милост и немилост на нашите осоколени соседи кои поставуваат невозможни барања.

Во друга прилика би говорел за неспособноста на македонските политичари без разлика од кој табор или националност доаѓааат, кои се повикуваат на подобар живот и стандарди со членство во ЕУ, прикривајќи ја својата неспособност да го подобрат животот на сопствените граѓани со замајување за европска иднина.

Соогласно Лисабонскиот договор потпишан во 2007 година, но и Уставот на Европската Унија потпишан неколку години порано во 2004 година националниот идентитет е суверено право на државите, иако се врши невиден притисок врз нашата држава истиот понатаму да се дефинира и ограничува.

Имајќи во предвид дека Лисабонскиот договор го замени Уставот на Европската Унија од 2004, ќе се водиме по измените донесени 3 години подоцна. Соогласно Договорот Член 3 а:

-Унијата се обрзува да ја почитува еднаквоста на земјите-членки пред Договорите, нивните национални идентитети, инхерентни на нивните фундаментални структури, политички и уставни, инклузивни и во регионалната и локалната самоуправа. Таа ќе ги почитува нивните основни функции на државата, вклучително и обезбедување територијален интегритет на државата, одржување на редот и законот и заштита на националната безбедност. Националната безбедност останува единствена одговорност на секоја земја-членка.

„Вооружани“ со овој агрумент можеме да коментираме еден актуелен и двајца бивши премиер кои нудат некакво си решение за спорот со Бугарија.

Да започнеме со последната понуда на Љупчо Георгиевски кои на Фејсбук сподели наводно „Соломоново решение“ кое имајќи го во предвид само гореспоменатиот член од Лисабонскиот договор е невидена небулоза.

Прво нешто кое го понуди неформалниот „олеснувач“ Георгиевски е Македонија да даде гаранции дека нема да го загрози територијалниот интегритет на Бугарија кој е заштитен со Лисабонскиот договор.

Втора небулоза е неговиот став по однос на македонското малцинство во Бугарија од кое и самиот Заев најави дека ќе се откаже. Зборот „малцинство“ е споменат три пат во различно контексти во Лисабонскиот договор и 21 пат во Уставот на Европската Унија.

Според Член 1а од Лисабонскиот договор:

-Унијата е основана врз вредностите кои се базираат почитување на човечкото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото и почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на лицата кои припаѓаат на малцинствата. Овие вредности се заеднички за земјите-членки во општеството во кое преовладуваат плурализмот, недискриминацијата, толеранцијата, правдата, солидарноста и еднаквоста меѓу жените и мажите.

Што значи дека и Заев и Георгиевски директно повикуваат на прекршување на постулатите на Европската Унија.

Идејата дека Македонците и македонскиот јазик постојат од 44-та директно се коси со членот 3а кој вели дека Европската Унија ќе го почитува националниот идентитет.

Со истоимениот член се коси и идејата за редефинирање на македонската историја која е нераскинлив дел од идентитетот на Македонецот.

И сега пробајте да ја најдете логиката на Бучковски, Георгиевски и Заев кој наводно сакаат нашата држава да стане дел од Европската Унија, кршејќи ги нејзините основни постулати и Договори. Тоа би било како што некои други меѓународни институции знаат да кажат дека „бомбардираат за мир“ или да како што милува да каже Заев да „водиш љубов за невиност“.

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

(Видео) Вoopyжена пpecтрeлка во Сараево, има и пoвpeдени

Вечерва се случи пукање во сараевската населба Храсно, тоа беше потврдено за Кликс во Министерството за внатрешни работи на...

More Articles Like This