October 19, 2021, 3:14 pm

Поради страв и паничен напад, две лица колабирале по примањето на вакцината во „Борис Трајковски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Спортската сала „Борис Трајковски“ од утрово се отвори за масовната имунизација со руската вакцина „Спутник В“ против Ковид-19.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека во текот на вчерашниот ден двајца граѓани колабирале, но нивната состојба не се доведува во врска со вакцините.

-Во последниве неколку часа во А1 Арената, салата „Борис Трајковски“ се вакцинирани по околу 300 граѓани на час. Двајца граѓани имале колапс, кој не е поврзан со вакцинирањето, рече Филипче. Тој соопшти дека девојката која имаше тромбоза на едната вена на окото, откако се вакцинираше со АстраЗенека во Србија се чувствува добро.

Освен две случки на колапс, кој не се поврзува со вакцинирањето туку е поради страв и панични напади, други несакани ефекти нема, додаде Филипче.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, се одвива на 48 пункта.

Ангажиран е тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути.

На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба за некаква интервенција.

Latest News

(Видео) Пецаков: Дa зacтaнeмe цвpcтo зa пoбeда вo втop кpyг, a пoтoa пpoeкти, paбoтa и пoбeди

Тивкото мнозинство одбра и неговиот избор громогласно одекна, истакна кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Охрид, Кирил Пецаков. -Власта во Охрид...

More Articles Like This