October 18, 2021, 7:07 pm

Koлумна на Трифун Костовски: Иcтpajнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Време е да пишувам за истрајноста како оној нужен, стоички, стамен дел од нашето човечко постоење. Истрајноста кај нас луѓето е вродена потреба за наше себе одржување. Истрајноста кај секој поединец има градиција и различни мерливи регистри. Имаме луѓе со невидена истрајност за реализација на своите животни потреби и цели, меѓутоа имаме и такви каде истрајноста не е препознатлива карактеристика. Посебно го извадив овој збор да го толкувам, бидејќи тргнав од самиот себе. Анализирајќи го својот животен пат, кој е полн со успеси и неуспеси, дојдов до заклучок дека оваа човечка карактеристика е длабоко вкоренета во мене. Особено сакам да го истакнам фактот дека за стечајот на Еуростандард банка и трагањето за вистинските причини за овој случај, нема да останам мирен сѐ додека сум функционален, а тоа во превод значи сѐ додека сум жив и здрав. Дали ќе успеам во оваа моја мисија да го доживеам крајот, незнам, не сум сигурен, бидејќи многу работи не зависат од нас поединците. Сите ние како дел од општеството сме ставени во систем во кој не секогаш вистината и правдата излегуваат на виделина, а уште повеќе не секогаш завршницата е праведна.

Заклучувам дека истрајноста е составен дел во карактерот на успешните, но пред сѐ, доблесните луѓе. Истрајноста може да се отсликува во сите сегменти на нашето општествено живеење. Сепак, многу е битно да направиме дистинкција помеѓу истрајности кои носат добро за поединецот и општеството, од истрајности во погрешно поставените цели кои може да доведат до катастрофални последици. Типичен пример за лошо концепирана истрајност во нашето секојдневие се токму претстојните локални избори со кои сме секојдневно бомбардирани со нереални ветувања, па би додал дури безобразни, од кандидатите за градоначалници за тоа што тие би направиле за Општината кога би ја добиле поддршката. Моето внимание за оваа непринципиелна истрајност, или уште подобро, упорност и амбиција во локалните избори го привлекуваат токму политичките партии кои се денеска дел од нашиот демократски повеќепартиски систем. Зарем единствено борбата за власт е толку голем императив на сите политички играчи во нивната истрајност, без да понудат вистинско решение како граѓаните на нашата држава ќе имаат поквалитетен и посигурен живот во идниот период? Денес сме пред локални избори. Во блиска иднина ќе  бидеме пред парламентарни избори. Желбата да се владее со Македонија  на локално и централно ниво е толку голем императив што нѐ зачудува многумина од нас прашувајќи се за што во основа се работи. Истрајноста на политичките играчи стигнува до невидени размери, само со една цел, да се освои власта, да се зграби моќта.

Ние, граѓаните на Република Македонија, очигледно сме заложици на поединци и групи кога дозволуваме на таков начин да ја практикуваат својата истрајност. Евидентно е дека во изминативе две децении „истрајните” партии кои владееа со Македонија се натпреваруваа меѓу себе која партија ќе го зголеми повеќе надворешниот долг на Македонија, задолжувајќи се на меѓународниот пазар на финансии во име и за сметка на граѓаните во Република Македонија, иако и самите знаат дека македонското стопанство е толку кревко, што и во следните неколку децении не ќе може да ги врати овие долгови.

Почитувани пријатели, со ова сакав само да ја осветлам или да ја појаснам темната страна на истрајноста која што е присутна кај нас луѓето. Дали умееме да направиме разлика помеѓу истрајност која води кон добробит или истрајност која нѐ води во пеколот. Токму тука пријатели е содржана нашата основна обврска – да процениме. По мене доколку навистина сакаме модерно и сигурно општество со економски и социјален просперитет, тогаш мораме да се обидеме карактерната црта истрајност да ја бараме токму во луѓе, поединци и групи кои имаат чесни намери да испорачаат добробит за себе и за своите сограѓани. За жал констатирам дека во Македонија биполарноста во политичкиот свет го ништи и ткивото на чесните сограѓани кои навистина сакаат да живеат во една хармонија меѓу можното и реално остварливото.

Денес, во самата изборна кампања за локални избори сме бомбардирани со ветувања, небаре во Македонија течат реки со пари и небаре идните кандидати имаат волшебни стапчиња своите желби да ги претворат во реалност. Респект и почит кон секој поединец кој што стартувал во кампањата за освојување на функцијата градоначалник или советник во Општинските совети. Сите овие поединци имаат во себе вградена истрајност со својата желба да стигнат до целта. Зошто толку лажни ветувања? Зошто толку маргинални судири на поединци околу не толку битни елементи во функционирањето на локалната самоуправа? Замислете денеска натпревар имаме меѓу актуелниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов и независната кандидатка, поддражана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска за тоа чија идеја била пензионерите да имаат бесплатен градски превоз, небаре тие лично ќе го финасираат овој бесплатен транспорт. Почитувани пријатели ова не е смешно ова е трагично. Градот Скопје, неговите вистински проблеми се под земја. Почитувани кандидати, дали знаете дека водоводната мрежа во Градот Скопје има 90 км  азбестни цевки? Не го забошотувајте овој факт, бидејќи работата под земја не е видлива, а вие како кандидати барате брзи резултати што поединецот треба да ги воочи. Го спомнав водоводот на Град Скопје со азбестни цевки. Почитувани, азбестот како градежен елемент е присутен во сите сегменти на нашето живеење во СКопје. Тоа се илјадници, илјадници тони кои треба мнгу деликатно да се отстранат, многу квалитетно да се соберат, транспортираат и депонираат во депонија која ќе нема допир со почвата и водата. Многу скап проект, ама потребен за здравјето на граѓаните. За секој вистински човек кој има вградено во себе доблесна истрајност, ова треба да биде првиот проект што треба да биде имплементиран во Скопје. Почитувани пријатели, модерниот свет во Европа и Северна Америка се ослободи од азбестот пред 50 години. Азбестот е канцероген и многу опасен по здравјето на граѓаните.

Втор пример што ми остави впечаток беше дебатата на кандидатите за градоначалници на Општина Аеродром. Господинот Муцунски како член на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за Градоначалник на Општина Аеродром на основа остварена посета на својата сестринска партија во Словенија, добил ветување дека тукушто не дошле европските фондови и чекаат на неговото седнување во фотељата градоначалник. Тој тоа го гарантира?  Тимчо… Општината е жив организам кој секојдневно бара работа и посветеност. Општината не е универзитетот Кирил и Методиј. Немој да ги мамиш луѓето со лажни ветувања дека ти како Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ ќе донесете европски пари за Општина Аеродром. Ако делумно успеете во тоа е добро! Градоначалник значи да бидеш менаџер и добар организатор. Мора да бидеш домаќин и есапот во Општината и нејзиниот развој да го правиш исклучиво од средствата кои ќе ги собереш од нас граѓаните, а твојата лична комуникација мора да ја сведеш на јазикот на најобичниот сограѓанин.

На крајот почитувани заклучувам дека истрајноста е вграден дел од нашите личности, меѓутоа каде ќе ја насочиме – е токму тука е разликата на луѓето со чесни и нечесни намери.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Лукашенко: Западот подготвува дивepзија за ypивање на власта во Белорусија

Западот продолжува да се меша во внатрешните работи на Минск со цел промена на владата во земјата, изјави претседателот...

More Articles Like This