Koлyмнa нa Мирка Велиновска: „Cитe cojyзници нa Хитлep“

Поврзано

- Advertisement -

Колективниов запад ги стави на увид на целото човештво своите комплекси на инфериорност и љубомора наспроти Русија на овој 9-ти мај, 2021 година. Дефицитарноста во морал, етика, солидарност и човештина, не им дозволи и овој пат, макар пригодно, да одглумат пристојност и елементарна цивилизираност и така да ја одбележат колосалната жртва на 27 милиони покосени животи на советските патриоти и антифаписти во втората светска војна. Ај што го игнорираа празникот на победата над фашизмот, туку најдоа време да промрчат дека парадата на Црвената армија значела безобразно присвојување на победата над Хитлер, фалсификување на историјата од страна на Русија и себеглорифицирање, заборавајќи го учинокот на бројните сојузници. У-ха! Сојузници? Па уште бројни! Па овие бре поголеми фалсификатори дури и од грчките, бугарските и албанските со се северџанскиве измутирани вирусни подваријанти испаднаа!

Западните постмодерни либерали не само што триесет и кусур години по ред го присвојуваат по рецептурата на дивиот запад – бодни знаменце и маркирај како своја одредена парцела – денот на победата НАД нацифашизмот, туку, ретушираат, бришат, лажираат и крадат историја која им припаѓа на други народи оти тие и таквите гноеви, по свој избор, застанале на погрешната страна како сојузници (квислинзи, војници, шпиони, петоколонаши). За ,,бројните евроатлански сојузници,, на антифашистичката Руска црвена Армија ми е зборот. Еве кои се ставиле под команда на хитлеровата наци армија:

  • 13-та ханшар дивизија од Хрватска (НДХ)
  • 14-та пешадиска дивизија ,,Галиција,, од Украина
  • 15 СС дивизија од Латвија
  • 16 тенковска рајхфирер СС од Финска
  • 9-та пешадиска СС дивизија повторно од Латвија
  • 20-та пешадиска СС од Естонија
  • 21 вафен СС дивизија од Албанија
  • 23-та вафен СС дивизија од Холандија
  • 25-та вафен СС дивизија  од Унгарија
  • 26-та СС дивизија од Унгарија
  • 27-ма вафен СС дивизија фламанска од Белгија и
  • 28-ма вафен СС дивизија валонска, исто така од Белгија
  • 29-та СС дивизија од Италија
  • Власов СС дивизија од СССР (пета колона)
  • 33-та коњичка дивизија од Унгарија
  • Француска СС пешадијска дивизија
  • Втора СС пешадиска дивизија од Холандија
  • СС пешадиска дивизија од Бугарија,
  • СС пешадиска дивизија од Романија
  • СС пешадиска дивизија од Шведска,
  • СС дивизија од Финска
  • Во хитлеровската наци фашистичка сојузничка коалиција свој удел имала и СС фашистичката дивизија на Обединетото кралство
  • На страната на Хитлер војувале против својата земја и својот народ:
  • Првата национална армија на Русија
  • Првата руска национал СС бригада ,,Дружина,,
  • 29-та пешадиска СС дивизија и 30-та СС пешадиска дивизија со помали воени формации и шпионски мрежи учествувале на страната на фашистичката солдатеска и западните,, архинепријатели на Русија,, Чехословачка (Словакија посебно нагласено) и Полска.
  • Ако забележувате, ќе констатирате дека Македонија во овој список на фашистичките сојузници ја нема ни активен сојузник на Хитлер на фронтот, ни како квислиншка влада или логистички локален контрактор, односно слуга. Ја нема ни Србија која иако имала квислиншки власти и петта колона, сепак немала СС единици на источниот фронт. Ја нема и Грција зашто фашистите биле со Хитлер преку власта на Метаксас, но Грците како народ, заедно со Македонците (што е документирано и архивирано многу добро) воделе организирана и масовна војна против фашизмот.
  • Каде е тука САД, Обединетото кралство и Франција може ќе се прашате. И со право. САД сеиреше од далеку чекајќи да профитира од војната. Се додека не им се случи Перл Харбур итроманците отаде Атлантикот на Хитлер му продаваа руда и ретки метали за подмачкување на воената машинерија, Британците чекаа Франција да послужи како копнен бедем од обидот Хитлер да вшета во Лондон, а Русија да изгори до темел за да може да продолжи да живее Британската империја. Таков беше големиот план! Е ама како што велат нашите Македонци, есапот направен дома и оној со кој се соочувате на пазар, не се ама ич исти. Според тој историски ќитап Втората Светска војна кошта: 26.610.000 загинати советски војници и цивили (жртвите уште се пребројуваат, па и оваа цифра не е конечна и по 76 години. 20.000 000 Кинези кои ги положија животите за слобода борејќи се со фашистичката армија на Јапонија и домашните квислиншки формации.
  • 2.000.000 животи на олтарот на слободата даде Југославија: Србија, БиХ, Хрватска, Македонија (заедно со Беломорска и Пиринска Македонија), Словенија и Црна Гора.
  • Колку животи во војната со фашизмот вградија бројните сојузници на СССР од 1941 до 1945 година?
  • Па вака: Обединетото кралство 380.000. САД 416.000 а Италија 479.000.
  • Од 1941 до 1945 година, од тогашните 86 постојни држави во светот, против СССР и неговата армија како сојузници на Хитлер војуваа 62 држави, а 12 имаа статус на неутрални.

За крај, како анекс 1 на пресекот на реакциите на ,,колективниот запад,, кој топтан има заболено од мутираниот политички КОВИД 45 и пропратно колективно добива амнезија по повод прославата на денот на победата НАД ФАШИЗМОТ (ова со курзив за да и СВРТАМ ВНИМАНИЕ на либерал-северџанската ГМО бројлерка Мила Царовска која 9-ти мај го прогласи за празник на победата НА ФАШИЗМОТ) сакам да ви ја пренесам реакцијата на руското министерство за надворешни работи кое шеговито ни го прераскажа историскиот коментар на Бојко Борисов кој налутено оценува дека Москва си ја приватизирала победата исклучувајќи ги тука сојузниците меѓу кои Бојко тврди дека голема улога имала Бугарија. И не само тоа, туку бесно ја потсетува Москва дека на светот гледала демодирано. За разлика од официјална Софија која заедно со НАТО и газдата во Вашингтон ,,изградила постмодерна етика и политика,,. Одговорот од Русија стигна во форма на асиметричен ,,сармат,, одговор кој гласи: Ваквите реакции се симптом на ментална болест која ги напаѓа двоножните еднокелијни дебили. Бугарите биле победници со Русија и како такви сега членуваат во НАТО!? Москва го потсетува Борисов дека Бугарија која традиционално, заедно со колективниот запад, има навика да фалсификува истории на други народи, да краде туѓо историско наследство и да плагира, денес во постмодерно издание, не е СУБЈЕКТ (држава со сите нишани) во светската или регионалната политика, туку како историски фалсификатор таа е само еден безначаен анонимен ОБЈЕКТ со мала употребна вредност и како таква, таа дури докажано работи на сопствена економска и развојна штета, спомнувајќи го притоа проектот ,,јужен  поток,, од кој Борисов се откажа откако ја прими наредбата од Вашингтон и Брисел.

Каде беше официјална Македонија на овој 9-ти Мај?

Вообичаено: Народот непогрешиво пак си беше на страната на антифашистичкиот исток, а северџанските ,,сојузници,, невидливи и безгласни си седеа на местото кое им припаѓа – напикани во колективниот шупак на постмодерниот тоталитарно либерален ем фашистички запад.

Пишува, Мирка Велиновска.

Latest News

(Видео) Џамбаски со ново фaшиcтичko видео – Ја освои и Македонија

Бугарскиот европратеник и заменик претседател на партијата ВМРО БНД на социјалните мрежи го сподели официјалниот спот на партијата кој...

More Articles Like This