Koлyмнa нa Трифун Костовски: Видoвeн

Поврзано

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Ocвecтyвaњe

Би сакал, денес, во мојата колумна да се осврнам на две суштински работи кои мене лично ме засегаат, a претпоставувам...

Koлyмнa нa Ристо Никовски: Македонија мopa дa oдгoвopи нa бyгapcкaтa aгpecиja

По осамостојувањето, македонската надворешна политика нема многу аргументи за фалење. Правени се бројни грешки, од кои добар дел непростливи...

Македонците се реалност, а Бугарија е фрустрирана – Заев да не коленичи!

Достоинството на државата нема цена Зоран Заев е на пат да ги урне столбовите на државата, народот, нацијата. Пробните балони...
- Advertisement -

Убеден сум дека веќе се навикнавте моите колумни во најголема мера да бидат насочени кон незаконскиот стечај на Еуростандард банка. Бевме сведоци минатат недела кога Јавното обвинителство обзнани дека дало наредба за отпочнување истрага на четири лица против кои е покрената постапка за стечајот на Еуростандард банка и додатни незаконски активности меѓу кои и перење пари.

Еве, и јас добив таква покана и деновиве ќе одам на распит. Иако објавив дека нема да бидам лојален граѓанин и дека ќе се повикам на моето право за граѓанска непослушност, сепак, ќе се јавам на овој распит, не со цел да го убедам Јавниот обвинител во мојата невиност, туку, напротив, да видам до кој степен се спремни институциите на системот да одат во ликвидацијата на основното право на човекот, а тоа е правото на слобода, правото на слободно изразување и правото за заштита на сопствениот имот од институциите кои се финансирани, меѓу другото, и од моите давачки. Сакам да видам и да ги почувствувам институциите на системот и врз свој грб при ваков голем настан, а тоа е стечајот на Еуростандард банка. Господинот Министер Оливер Спасовски, на моите барања да даде одговор зошто со уредба на Техничката Влада со сила на закон објавена на 24 март 2020 година дава период од три месеци после завршувањето на вонредната состојба да нема покренување на стечај на какво било правно лице. Со исто таква уредба на Техничката Влада, објавена на 29 мај 2020 година, предходната уредба се суспендира, а тоа значи по завршувањето на вонредната состојба, стечај на правно лице може да се направи во истиот момент.

Единствен правен субјект кој што веднаш по вонредната ситуација отиде во стечај е Еуростандард банка. Евидентно беше дека Народна банка одбивајќи го разговорот со потенцијалниот купец на банката, па дури и на кафе муабет, и не користејќи ги сите инструменти кои беа расположиви за спасување на банката, ја донесе одлуката која беше, очигледно, многу одамна донесена. Кооперативноста од страна на акционерите на Еуростандард банка со Народна банка беше на исклучително ниво, на дневна база, и во ниту еден момент не ни се наговести вакво сценарио кое во основа е тенденциозно и подмолно. Тенденциозноста Народна банка да ја ликвидира Еуростандард банка се гледа низ следниве очигледни аргументи:

1. Во февруар месец 2020 година докапитализиравме нови 11 милиони евра и со тоа адекватноста на капиталот се подигна кон крајот на март месец пред отпочнувањето на вонредната ситуација на 6,55%.

2. Вонредната состојба траеше 97 дена во рамки на кои ни беше одземено право од Народна банка да работиме со физички и правни лица. Ни беше и ускратено правото да вршиме присилна наплата на доспеаните обврски кои секој месец се движеа меѓу 2,5-3,0 милиони евра на редовни и отпишани наплатени средства.

3. Со одлука на Народна банка, во време на вонредна состојба, и во време кога целиот свет, вклучително и Македонија ја отпочна борбата против вирусот Ковид-19 и кога севкупниот општествен светски напредок беше запрен, нам, на акционерите на Еуростандард банка, до крајот на април 2020 година Народна банка ни наложи да докапитализираме уште 3,5 милиони евра. Објективно не бевме во можност овој чин да го сториме од причини што владееше вонредната состојба. Редно беше Народна банка да ни го продолжи рокот за докапитализација, минимум за деновите додека траеше вонредната состојба, 97 дена.

4. Веселата математика на Народна банка со која адекватноста на капиталот за само 3,5 месеци ја доведе од ниво на 6,55% кон крајот на март 2020, до под 2% до почетокот на јули 2020, притоа не преземајки никакви други мерки против истурените физички лица кои ја водат банката, Надзорниот одбор и ресорните директори со мерки нивно отстранување или казнување или, во краен случај, воведување на администрација.

5. Зошто Премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски, на денот кога се соопштуваше отворањето на стечај на Еуростнадард банка, а тоа е 12 август 2020, прими член од акционерите, кој бараше само логистичка поддршка за спас на банката, бидејќи се колнам ниту во сон не ми паѓало банката да ја носам во стечај.

6. На лицемерието му нема крај – како е можно во чинот на запечатувањето на 340 експозитури и главната дирекција на банката да бидат ангажирани околу 1.500 луѓе, и тогашниот Премиер Спасовски, со ужасна леснотија од само нему позната причини, вети дека ќе помогне.

Почитувани, отворено изјавувам ништо не ме плаши, ниту Јавното обвинитекство, ниту институциите на системот, бидејќи сум спремен да одам до крај со овој лицемерен, криминоген чин. Не барам сожалување, барам само разбирање и да извлечеме поуки во каков правен систем живееме. Какви пораки праќаме на потенцијалните инвеститори, бидејќи за тие што не знаат, меѓу останатите правни субјекти и Еуростандард банка беше грин-филд странска инвестиција.

Денес мене ми се случи овој организиран грабеж, кој е следен? До кога ќе гледаме од страна и ќе дозволиме да се уништуваат човечки судбини? Зошто ја правиме Македонија земја на парадокси? Имаме правен систем кој де јуре функиционира на хартија, меѓутоа, де факто немаме правда и никаква правна заштита. Сѐ е корумпирано. Зошто служат институциите во ситемот, кои треба да го штитат обичниот граѓанин? За жал констатираме дека правото и правдата постојат само за властодршците. Со партиските вработувања и ставање на клучни функции некомпетентни луѓе, туку само послушници, дојдовме до дереџе да не можеме да се препознаеме како самостојна држава, па згора не сѐ, демократска.

Послушниците од типот Блажо Трендафилов, кој е поставен за директор на управата за финансиско разузнавање е приказна за себе. Неговата послушност према лидерот е императив во неговото право да посочи кој во државава перел пари. На такви луѓе треба да им кажеме збогум, а уште повеќе на неговиот налогодавец.

Завршувам пријатели со совет – не гледајте сеир и длабоко размислете кому ќе му го дадете гласот да ве води како на локално, така и на централно ниво.

Доста е, барем за мене!

Трифун Костовски

Latest News

Тасева: Високата kopyпција е во високите ешалони на власта

Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа...

More Articles Like This