October 24, 2021, 8:35 am

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Инcтитyции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешнава колумна сакам да споделам чувство кое ме мачи подолг временски период и имам чувство како да сум прелажан во својата матична држава, токму од своите сограѓани преку институциите на системот. Многумина мојот погоре наведен збор, прелажан, ќе го идентификуваат како моја лична наивност и токму баш во овој сегмент сакам со вас да го споделам следново сознание.

Дилемата дали сум прелажан или наивен и понатаму ќе остане, меѓутоа во оваа колумна сакам да споделам збор-два за местото и улогата на институциите во Република Македонија.

Институциите се дел од државниот апаратус и политичкиот систем, и тие треба да ги штитат граѓаните и нивните права, вклучително и нивните имоти, за што впрочем и ги финансираме.

Во носењето на стечај на Еуростандард банка, постојат две клучни институции за кои што гарантирам дека однапред и долго го подготвувале завршниот удар за носењето на банката во стечај.

Причините за ваквите постапки не можам да ги разберам, бидејќи нема ништо заедничко со она што треба да бидеме нормално, цивилизирано и напредно општество, а тоа заначи кога ти е тешко да ти се помогне, а не спротивното, кога ти е тешко да те дотолчат. Најклучен играч во носењето на банката во стечај е Техничката Влада предводена од Оливер Спасовски. За ваквиот мој став ќе наведам два настани: најпрво контрадикторните уредби со сила на закон донесени од Техничката Влада и објавени во Службени весници на 24 март 2020 и 29 мај 2020. Со првата уредба објавена во Службен весник од 24 март 2020 година се гарантира мораториум од три месеци дека нема покренување на стечајна постапка на правни лица минимум три месеци по завршувањето на вонредната состојба, додека со втората уредба, ама сега објавена на 29 мај 2020, првобитната одлука се суспендира, а тоа значи носење на правни лица во стечај веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Единствен правен субјект кој силно го потресе македонскиот банкарски свет, беше Еуростандард банка.

Вториот елемент беше посетата на кабинетот на Техничкиот премиер Оливер Спасовски од страна на  еден од акционерите на ЕС банка, токму на 12 август 2020 година кој беше убеден дека нема да има сериозни активности барем во догледно време и дека ќе овозможи со својот авторитет да биде примен на разговор во Народна банка потенцијалниот инвеститор кој по критериумите на Народна банка ги задоволуваше сите услови, меѓутоа беше упорно одбиван да биде примен на разговор во Народна банка.

Да појаснам, токму на 12 август 2020 година, кога беше средбата во кабинетот на Техничкиот премиер, во претпладневните часови, само три часа покасно Гувернерката на Народна банка Анета Бежоска ја обзнани нејзината лична одлука, ама во името на Народна банка за одземање на лиценцата на ЕС банка и нејзино носење во стечај.

Повеќе пати во изминативе веќе 14 месеци го повикував Актуелниот Министер на Внатрешни работи, а тогашен Технички премиер, Оливер Спасовски да даде појаснување зошто се носат контрадикторни уредби на ниво на Техничка Влада и зошто акционерот беше измамен на средбата во неговиот кабинет, бидејќи денес е јасно дека е невозможно Техничката Влада да не била информирана од страна на Народна банка за нејзиниот предстоен чин. Невозможно е без учество на Владата и владини институции да се запечатат 340 експозитури низ Македонија вклучително и Главната Дирекција на ЕС банка за само 30 минути. Ваква акција без логистика на институциите во системот е невозможна.

Господине Спасовски, денес сте актуелен Министер за внатрешни работи, бевте Министер за внатрешни работи и пред да станете Премиер на Техничката Влада. Невозможно е како Премиер на Техничка Влада и екс-министер за Внатрешни работи да не сте занеле за овој чин. Самата функција ви налага да бидете запознаени со вакви крупни настани во државата. Заклучувам дека и вие сте соучесник во овој злостор.

Втората институција е Народна банка. Констатирани се недоследности во нејзините активности за да помогне да не дојде до ваков катастрофален однос во банкарскиот свет. Тенденциозноста, посебно на првиот човек во Народна банка е повеќе од евидентна.

Најпрво Народна банка ги има на располагање следниве мерки за регулирање во банкарскиот свет:

1. Редовни мерки

2. Вонредни мерки

3. Администрација

4. Стечај

Во своето работење таа ги користеше редовните мерки, делумно вонредните мерки, ама ниту во еден момент не презема ригорозни вонредни мерки, а тоа е забрана за вршење на дејност, одземање на лиценци или пак строги парични казни на членовите на Надзорен одбор, Управниот одбор и сите истурени позиции во банката кои се под ингеренции за нивна контрола од страна на Народна банка.

Третата алатка администрација е прескокната од за мене неразбирливи причини и веднаш се прејде на четвртата алатка, а тоа е стечај. Многу е битен тајмингот кога ЕС банка беше однесена во стечај. Токму тука се гледа тенденциозноста на Народна банка да ЕС банка по секоја цена биде однесена во стечај. Во време на тукушто завршени предвремени парламентарни избори, неформирана Влада и неформирано Собрание на РМ и упорно одбивање да биде примен на разговор во Народна банка потенцијалниот инвеститор во месеците мај, јуни и јули 2020 година. Која е госпоѓата Бежоска од колено да носи вакви одлуки без консултација со институциите на системот. Очигледно зад оваа личност постојат нејзини ментори кои го управуваат нејзиното работење и ги остваруваат своите цели.

Елементите на кои што е базирана оваа моја констатација се следни:

1. Цела календарска година ни беше одземена лиценцата за работа со правни и физички лица. Со други зборови банката требаше да живее од ништо.

2. Вирусот Ковид-19 ја предизвика вонредната состојба која траеше 97 дена. Со мерките на Техничката Влада ни беше ускратена и единствената можност за присилна наплата на доспеаните побарувања од нашите коминтенти. Да појаснам дека токму присилната наплата беше најсилниот елемент за опстојување на банката, бидејќи со одземеното право да работиме со правни и физички лица ние бевме оставени на вода и воздух.

3. Да биде тенденциозноста на госпоѓата Бежоска уште посилна, таа за време на вонредната состојба постојните лоши пласмани ги носи во уште полоша категоризација, само со една цел, да ја однесе банката во стечај. Почитувани, како е можно, во првиот квартал на 2020 година докапитализиравме во банката 11 милиони евра! На крајот од месец март 2020 година адекватноста на капиталот беше 6,55, за да само после 4 месеци таа адекватност падне под нула. Весела математика!

Госпоѓата Бежоска ги омаловажи и ветувањата на нејзините соработници дадени на 6 август 2020 година каде на видео-кол конференција со новиот Надзорен и Управен одбор на ЕС банка се договорија дека до 14 Август треба да се докапитализира банката со 3,5 милиони евра. Госпоѓата Бежоска, актуелна гувернерка на Народна банка не ја зема предвид вонредната состојба од пандемијата. Логично беше да ни дозволи барем 97 дена колку што траеше вонредната состојба да го надоместиме тоа што таа го бараше.

Почитувани, ќе се вратам на мојата констатација дека се работи за организиран криминал. Ниту Госпоѓата Бежоска е семоќна, ниту Министерот на внатрешни работи и екс Премиер на Техничката Влада, Оливер Спасовски е семоќен и логично се носи заклучок дека некој отстрана владее со Македонија, со нашите животи, со нашите имоти. Дали ќе му застанеме на патот на ова зло?  Да, мораме да му застанеме.

Немам багаж зад себе и токму тука ја црпам храброста по име да ги прозивам луѓето кои сметам дека се замешани во ова злосторство, а кои мене, неправедно, ме прелажаа.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Pacтe бpojoт нa гpaѓaни вakциниpaни co тpeтa дoзa пpoтив Koвид-19

Бројот на граѓани кои примиле трета доза против Ковид-19 е во постојан раст. Статистичките податоци на здравствените власти во...

More Articles Like This