Koлyмнa нa Трифун Костовски: Moлк зa Еypocтaндapд бaнкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несомнено е дека ќе бидам „досаден“, наметнувајќи ви ги темите поврзани со стечајот на Еуростандард банка. Имам многу причини и аргументи за тоа.

Веќе 11 месеци Еуростандард банка е во стечај и денеска владее молкот. На моите отворено поставени прашања до бившиот Технички премиер, а денес Министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, зошто носи во време на неговото водење на Техничката Влада во 2020 година, две контрадикторни уредби со сила на закон, не добивам никаков одговор? Овие уредби се носат во време на вонредната состојба поради пандемијата на Ковид-19 и беа објавени во Службен весник на РМ. Првата уредба со сила на закон се објавува во Службен весник од 24 март 2020 со која се вели дека нема покренување на стечајна постапка на каков било правен субјект минимум 3 месеци по завршувањето на вонредната состојба. Со исто ваква уредба на Техничката Влада, но сега објавена на 29 мај 2020 година во Службен весник на РМ, предходната уредба се суспендира и се дозволува отворање на стечајна постапка веднаш по завршувањето на вонредната состојба. Повторувам: единствен правен субјект кој што беше веднаш однесен во стечај беше Еуростандард банка, а господинот Спасовски треба да даде одговор за носењето на овие две контрадикторни уредби.

Народна банка и нејзината врхушка мудро молчи, иако во изминатите 11 месеци, таа беше најповикувана да даде објаснување зошто ја однесе Еуростандард банка во стечај, без да ги примени сите алатки кои беа на располагање, а истовремено да го прими потенцијалниот инвеститор во банката, кој ги исполнуваше сите барани услови од Народна банка, меѓутоа не беше примен. Отворено прашувам, кој ја контролира работата на Народна банка? По закон контролата над Народна банка ја врши Собранието на Република Македонија или во превод народски кажано, никој. Отворено прашувам, кој вистински стои зад врхушката на Народна банка? Кој ги постави на местата гувернерката, вице гувернерите и директорите на супервизија? Бидете убедени, јас тоа не сум го сторил, меѓутоа има кругови во Република Македонија кои и те како се заинтересирани какви луѓе треба да донесат на чело на оваа независна институција. И, понатаму, Народна банка молчи и што е најжално ниту една од институциите кои се борат со организиран криминал не се зафати со длабинско истражување во самата Народна банка. Собранието на Република Македонија го нема тој капацитет за да може да направи вистинска контрола, меѓутоа службите кои се занимаваат со вистинскиот криминал имаат кадри кои можат да навлезат во генезата на ваквиот организиран криминал. Почитувани читатели организираниот криминал без логистика од институциите на системот неможе да постои или наједноставно кажано, организираниот криминал не можете да го видите на улица. Тој е секогаш под маска, задскриен, но ужасно разорен и смртоносно моќен.

Јавното обвинителство исто така молчи. Првиот човек на обвинителството Јовески, веќе неколку пати го прозвав да преземе конкретни мерки за овој случај. Молкот царува, истражната постапка која Јавното обвинителство ја води против мене е чиста фарса која се потпира исклучиво на документ излезен од Народна банка.

Во реалниот живот Македонија на својот пат кон ЕУ се соочува со многу препреки однадвор, од нашите соседи и одвнатре од самите нас, како ниту една друга европска земја. А, честопати се прашувам, дали можеби самите ние, однатре не сме си поголеми напријатели отколку оние однадвор. Во нашата култура од дамнина е познато дека не сме лојални на сопствената заедница. Реформите кои што треба да ги направиме во Република Македонија  тапкаат во место. Мојата лична перцепција е дека актуелните политички партии кои ја водат државава во изминативе три децении,  тоа го прават само како изговор. Во пракса го прават спротивното, а тоа е да не ги исполниме општествените стандарди за влез во европското семејство и влошување на добрососедските односи, бидејќи само така ќе можат да ја користат власта за свои лични и партиски интереси. Само така ќе можат да владеат султански, без никаква контрола, прилагодувајќи ги и толкувајчи ги законите како им одговара.

Почитувани пријателки и пријатели, повторувам, јас сум жртва на организираниот криминал. Бидете убедени дека не сум единствениот. Ги има многумина како мене кои системот ги уништил. Дали треба ова и понатаму да го толерираме? Не пријатели, барем јас не.

На крајот порака до оштетените штедачи од Еуростандард банка: Жалам што во мене не гледате сојузник. Преиспитајте се внатре во вашето здружение кој ве води и како го води овој процес. Природно, ние сме сојузници, бидејќи вие сте оштетени, а јас ограбен. Размислете!

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This