October 28, 2021, 6:14 am

Koлyмнa нa Tpифyн Кocтoвcки: Еypocтaндapд Бaнкa пo чeтвpти пaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагајќи по вистината за Еуростандард банка, често сум изложен на проток на непроверени и недокажани информации, кои лично ги доживувам како шпекулации. Сакам да ме разберете, дека во мојата потрага по вистината за стечајот на ЕСБ ќе се служам и со одредени информации кои не се ниту проверени, ниту потврдени. Институцијата која што треба да даде одговор на овие информации е токму Стечајниот управник на ЕСБ. Со својата нетранспарентност во целиот процес на собирање средства во стечајната маса, господинот  Душко Тодески. Актуелниот стечаен управник на ЕСБ не споделува никаква нформација ниту со јавноста, ниту со оштетените штедачи на ЕСБ, ниту со нас акционерите на ЕСБ.

Фирмата Галафарм, која беше клиент на ЕСБ има отворени обврски према ЕСБ во стечај, за кредити и позајмици. Информациите кои ги добив од сигурни извори, велат дека новиот ко-сопственик на Галафарм со недели наназад бара средба со Стечајниот управник со цел да ги регулираат меѓусебните обврски, односно позајмиците, кои Галафарм е спремна да ги врати на ЕСБ во стечај. Се споменува сума од 3 милиони евра. Убеден сум дека оваа шпекулација е блиска до вистината, за ваквите потези кои ги прави раководството на ЕСБ во стечај. Евидентно е во јавноста и кај нас бившите акционери дека средства во банката има за обештетување на сите правни и физички лица, како и за нас акционерите на бившата банка.

Почитувани, срамот е пукнат, злосторството е направено, виновници нема, пари има ама не се делат и се чека. На што се чека, почитувани? Единствено може да се чека и на собирање нови средства што ќе ја покажат уште повеќе ступидноста за носењето на оваа банка во стечај.

Почитувани пријатели, ваквите постапки на нетранспарентност говорат само дека организираниот криминал постои и ги користи сите алатки кои се на располагање, за колку-толку оваа глупост да биде покриена од времето. И, за жал, тоа е реалноста во нашата земја – реалност која обесхрабрува бидејќи ги руши сите вредности на една демократска и правно функционална држава. Најстрашно од сѐ е што сите сме обезмоќени и креваме раце пред ваквиот политички и општествен пејзаж.

Бидете убедени, нема да го дозволам ова, ќе опстојам до крај, додека не се расчисти целата ситуација со стечајот на ЕСБ.

Во наредните месеци ќе следи и мој финален извештај од работата на Европски експерти, специјализирани во банкарскиот криминал, кои ги најмив само со една цел – вистината да излезе на виделина, виновниците да си го добијат заслуженото и полека, но сигурно да градиме општество каде што криминалот и корупцијата ќе бидат уништени.

Завршувам со порака: Транспарентност на целата стечајна постапка НЕДОСТАСУВА.

ДО КОГА ЌЕ ЧЕКАМЕ?

Latest News

Се pacпаѓа ли парламентарното мнозинство? Пратеникот од СДСМ, Талески пред неколку дена ја понудил својата оcтавка?

Неофицијално првиот човек на СДСМ Прилеп и единствен пратеник во Собранието од градот под Марковите Кули, пред неколку дена...

More Articles Like This