January 28, 2021, 2:46 am

Koнзyмиpaјтe го пoчecтo: Bитaминoт Д гo cпacyвa живoтoт нa Koвид пaциeнтитe – гo нaмaлyвa pизикoт oд тeжoк oблик нa бoлecтa и cmpт

Поврзано

Владата побара од Филипче да започна постапката за набавка на вакцини од Кина

Владата на Република Северна Македонија на вечерашната, 42 редовна седница, ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на...

Се огласи Филипче за здравствената состојба на Здравствените работници на Нeфрологија

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија потенцираше дека сите здравствените работници кои се...

Филипче: Британскиот сој на вирусот побрзо се шири, да останеме прeтпазливи

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вестите за Канал 5 телевизија, во врска со детектираниот британски сој на...
- Advertisement -

Витаминот Д се чини дека има многу позначајно влијание врз Ковид-19 отколку што првично се веруваше.

Како што се развива пандемијата на болеста Ковид-19, научниците доаѓаат до нови сознанија затоа што во меѓувреме биле тестирани многу супстанции за да се види дали би можело да го намалат ризикот од тежок облик на КОВИД или смрт кај заразените пациенти.

Меѓу широко истражуваните супстанции е витаминот Д, за кој се покажа дека ја запира прогресијата на болеста.

Ирански научници од Универзитетот Табриз и Шахид Бехести спроведоа студија во која беше откриено дека давањето витамин Д на пациенти кои страдаат од КОВИД се чини дека ја намалува смртноста од оваа болест.

Неколку претходни студии покажале позитивен ефект на витамин Д врз КОВИД пациенти.

Витаминот Д е микроелемент кој е растворлив во мастите и може да ја олесни работата на имунитетот кај луѓето. Поранешните студии покажаа потенцијална поврзаност помеѓу недостаток на витамин Д и тежок облик на КОВИД кај пациентите.

Витаминот Д помага во регулирање на имунолошката функција благодарение на рецепторите кои се наоѓаат во разни вродени клетки на имунолошкиот систем. Витаминот Д исто така може да го потисне адаптивниот имунолошки одговор на заболените белодробни епителни клетки и на тој начин да спречи оштетување на проинфламаторните агенси во тие клетки.

Витаминот Д, исто така, игра важна улога во заштитата од директно оштетување на воспалителните фактори кои се ослободуваат за време на болести предизвикани од вирус.

Студијата спроведена од ирански научници е објавена во научниот репозитор bioRxiv, што значи дека сè уште не е научно прегледана, односно официјално објавена во едно од специјализираните научни списанија.

Иранскиот тим спроведе систематско истражување од податоците достапни на PubMed, Web of Knowledge, Scopus, Embase, The Cochrane Library и Ovid до 16 декември 2020 година.

Од анализата на податоците се дадени податоци од три студии кои ги испитуваат стапката на смртност и преживување на пациентите со КОВИД и кои откриле значително пониска стапка на смртност кај пациенти со КОВИД кои примаат витамин Д во споредба со контролната група на пациенти кои не го примаат овој витамин.

Понатаму, две од овие три студии исто така покажаа намалена шанса за хоспитализација кај пациенти кои примаат додаток на витамин Д.

Една студија исто така откри дека пациентите кои примаат витамин Д не завршуваат толку во одделенијата за интензивна нега. Витаминот Д, исто така, го намалува нивото на фибриноген во серумот, кое се зголемува во какви било услови кои предизвикуваат воспаление или оштетување на ткивото, покажа друга студија.

Додавањето на витамин Д во терапијата се чини дека ја намалува смртноста и развојот на тежок облик на болеста КОВИД-19, како и нивото на воспалителни маркери кај заболени пациенти, што доведува до подобра клиничка прогноза и зголемени шанси за преживување, се вели во иранската студија.

Конечно, се посочува дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди оптималната доза на витамин Д и дополнително да се испитаат неговите ефекти врз Ковид-19.

Latest News

Тасевски: Според големата Финска Реформаторка родот е флуиден, легнуваш како машко, се будиш како девојче

Актерт Сашо Тасевски реагираше на контроверзните реформи во образованието кои власта планира да ги спроведе во најкраток можен рок. „Наскоро...

More Articles Like This