Koнфлиkтoт во Израел станува целосна вojнa, тeнkoвитe подготвени да влегуваат во Газа – светот во исчекување

Поврзано

- Advertisement -

Во моментов, Израел ја засилува својата кампања и е на чекор до остварување и воено присуство во Газа, а ја добива и психолошката или политичка предност, бидејќи голем дел од светските држави јавно го осудија палестинското насилство и ја дадоа својата поддршка за Израел. Очекувам добро обучените и технолошки подобро подготвените израелски вооружени сили да ја засилат својата иницијатива и следните денови да го приведат кон крај овој конфликт, оценува Александар Нацев, декан на Факултетот за безбедност при Европскиот Универзитет во Скопје.

Израелскиот премиер ќе настојува да ја затегне ситуацијата највеќе што може, а ќе се обиде и копнено да воведе војска во Појасот Газа – тенковите веќе се тука, а војската се собира. Покрај долгорочната цел исфрлувањето на палестинските Арапи од Појасот Газа, првичната цел на Нетанјаху е одржување на власт, оценува Слободан Јанковиќ од Институтот за меѓународна политика и економија.

Политички цели на Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху се плаши од затвор, бидејќи против него се водат неколку судски спорови кои се во врска со корупција, а за да избегне, мора да остане претседател на Владата.

Нетанјаху има и политички цели во судирот. До сега, додава Јанковиќ, прибегнуваше кон различни врсти на криза – гаѓаше цели во Сирија, испраќаше авиони над Либан и подгреваше помали тензии со палестинските Арапи.

– Нетанјаху мора да добие мандат за формирање на влада на опозицискиот лидер Јаир Лапид и секако не му одговара Лапид да успее во својата намера. За севкупната ситуација Нетанјаху има партнери во претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас кој под притисок закажа избори за нивното законодавно тело овој месец, а претседателските во јули. Проценките покажуваат дека тој ќе ги загуби тие избори и дека и на нему му одговара вака затегната ситуација“, вели Јанковиќ за „Спутник“.

Копнена акција на Израел

Египетската делегација од безбедносни претставници, која посредува помеѓу Израел и Хамас, претстојува во Тел Авив. Израелските владини претставници на ним им пренеле дека нема да има можност за примирје пред оваа сабота.

– Тоа не значи дека ова ќе трае вечно. Минатиот пат во 2014. година операцијата траеше 50 дена. Израел е во состојба да влезе во Појасот Газа и да нанесе тешки губитоци на тамошните паравоени или терористички герилски формации затоа што има техничка, технолошка и човечка супериорност. Сепак, кога се влегува во непосреден судир мора да се смета и на човечки загуби но тие се подготвени за такво сценарио, нагласува соговорникот на „Спутник“.

Светот на страната на Израел

И професорот и декан на Факултетот за безбедност, Александар Нацев, се согласува дека ова се најжестоки борбени дејствија од 2014 до денес.

– Она што денес го гледаме во Израел се најжестоките борбени дејства од 2014 година па наваму. Неколку години наназад изгледаше дека ситуацијата е под контрола и дека двете страни во овој конфликт се обидуваат конечно да дојдат до политички компромис кој ќе ги задоволи нивните очекувања. Но, еве веќе после повеќе од 120 жртви до сега, гледаме дека антагонизмот и нетрпението растело во позадина, и сега имаме еден изблик на насилство, кој од ден на ден е се пожесток. Овде мораме да ја нотираме дефанзивната подготвеност на Израел, кој преку својот ракетен штит успева да неутрализира голем дел од истреланите ракети, но мораме да обрнеме внимание и на жестината и логистичката подготвеност на палестинската страна, односно на Хамас, кои покажуваат значително ниво на вооруженост и подготвеност за битка.

Израелската војска неодамна ги одржа најголемите маневри во својата историја, вежбаа симултан напад од север и југ така да се подготвени за оваа ситуација. Јанковиќ не очекува дека ќе дојде до крај на овој судир, односно дека Израел ќе го прогласи ова за победа, бидејќи за нив тоа би било само протерувањето на сите Арапи од Појасот Газа. Тоа Израел, секако никогаш јавно не го декларирал, ниту ќе го направи тоа, но тоа е целта на израелската елита.

Нацев пак смета дека Израел ја добива политичката предност пред палестинските Арапи и Хамас, особено поради тоа што најголем дел од светските сили покажаа поддршка за Израел.

– Во моментов, Израел ја засилува својата кампања и е на чекор до остварување и воено присуство во Газа, а ја добива и психолошката или политичка предност, бидејќи голем дел од светските држави јавно го осудија палестинското насилство и ја дадоа својата поддршка за Израел. Очекувам добро обучените и технолошки подобро подготвените израелски вооружени сили да ја засилат својата иницијатива и следните денови да го приведат кон крај овој конфликт, заклучува Нацев.

1 коментар

Latest News

Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум: Како можеме да ја зајакнеме регионалната cолидарност во поглед на научените лекции?

Во рамки на учеството на претседателот Стево Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум кој се одржа на тема: „Иновативна дипломатија:...

More Articles Like This