March 29, 2024, 11:16 am

Koвид-19 гo зaтвopи yчилиштeтo „Браќа Миладиновци“ вo Струга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковид-19 го затвори основното училиште Браќа Миладиновци во Струга. Деветмина вработени од кои дури четворица се наставници, а останатите се од административно техничкиот персонал се позитивни на вирусот. Двајца од вработените биле хоспитализирани во болница, поради потешка клиничка слика.

„Беше неизбежно ова, за да не дојде до проширување на епидемијата на Ковид 19 и од тие причини одлучивме во согласност со нашите надлежни органи, да бидеме изолирани, а училиштето да биде затворено“, рече Вељо Филкоски-заменик директор.

Од училиштето не знаат со сигурност од каде заразата дојде во нивното училиште, но претпоставуваат дека можеби станува збор за несовесни родители кои биле во изолација, а кои ги пуштале своите деца на настава.

„Претпоставуваме дека има такви родители позитивни кои ги пуштаат децата во училиште. Во училиште не им е дозволено на родителите да влегуваат, но сепак преку некои контакти може да е и од вработените преку некои надворешни контакти“, додава Филковски.

Најголемото основно училиште во Струга, „Браќа Миладиновци“, ќе остане затворено најмалку две недели. Но, не се исклучува можноста така да биде и подолго време. Околу 500 ученици настава сега ќе продолжат да следат он-лајн.

И други училишта во струшко се под клуч. Затворени се и основните училишта во селата Јабланица и Луково, а седумдесеттина деца најмалку до крајот на оваа недела ќе следат настава од дома Во струшката болница во моментот се хоспитализирани 18 пациенти, а има уште неколку слободни кревети.

Во охридската општа болница во моментот се хоспитализирани 109 пациенти, од кои 70 се на кислород. Дека состојбата во Охрид станува алармантна говори податокот дека од почетокот на 2021 година, заклучно со 31 март, заболени од Ковид 19 се 1700 пациенти, додека во Струга 655.

Вчера од Охрид почина и 28 годишно момче, како последица на Ковид 19.

Извор: alsat.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This