Koго лaжeтe бe caтpaпи eдни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не знам дали е до новиот портпарол на Владата и неговото неискуство во ПР-от, но со сигурност знам дека демантот кој што на моја адреса го испрати Душко Арсовски, а е во врска со преговорите на Зоран Заев со Бугарија не е ништо повеќе од неук обид за манипулација со фактите.

Еве нека ми разјасни Душко Арсовски, Бујар Османи, Никола Димитров или самиот Зоран Заев што тоа негодува со нивниот демант по повод информацијата која ја објави Инфомакс дека мината недела македонскиот премиер прифатил Гоце Делчев да биде дефиниран како Бугарин кој работел за македонска кауза, дека Крсте Петков Мисирков бил Бугарин кој што ги описменил Македонците, а дека македонскиот јазик е Западно бугарски дијалект.

Да бидам попрецизен, во демантот на Владата се вели „Владата категорично демантира дека се прифатени сите барања на другата страна во македонско-бугарските односи…“

Прашањето кое што го испратив и до Владата и до Арсовски е следно: „Ако не се прифатени сите барања како што велите во демантот, тогаш кои барања се прифатени?“

„За манипулативната на овој текст (се мисли на текстот на Инфомакс во демантот на Владата) говори и фактот што некои позиции изнесени во него се дел од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017-та година“

Моето прашање е следно, ако дел од позициите напишани во текстот веќе биле прифатени во Договорот од 2017-та каде ја гледате манипулацијата?

Секако освен ако манипулацијата не ја гледате во вашиот демант. Што демантирате? Дека сте прифатиле се, или дека не сте прифатиле ништо?

Како тоа демантирате информација на Инфомакс, а истото го говори Зоран Заев.

-Бугарија ја признава реалноста за македонскиот јазик и македонскиот идентитет, но сака да зборува за историјата, за минатото и за корените, вели Заев.

Или пак се прифатиле се што е објавено, но не сте подготвени да го споделите со јавноста?

Да не биде пак како со „Рекет“ – не е точно, а на крајот да излезе Александар со кривична пријава?

Пишува: А. Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This