Koлyмнa нa Ристо Никовски: Ha Македонија, нe и ce пoтpeбни тaлeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Морам да признам дека кога слушав што му се случило на “Штипскиот Питагора“, не сакајќи да верувам во тоа што ни се соопштуваше – се смеев. Друга алтернатива е да скочиш од балкон, од што повисок кат, и да викаш – јас немам ништо заедничко со оваа држава! Како и да земеш, чиста трагедија. Веднаш ми се јави пријател да го изрази својот револт. Се’ уште смеејќи се, го “уверував“ – не само што не требало да му дадат награда на Дамјан Давков за победата на натпреварот по математика, туку:

а) Дамјан морал да биде казнет што учествувал на натпревар со поголеми од него. Најдобро би било и да се исклучи од училиштето. Што ќе ни се нам таленти? Тој постапил крајно неетички победувајќи повозрасни од себе;

б) неговиот професор да биде по кратка постапка осуден на затвор, што тоа го дозволил;

в) сите што придонеле за развојот на овој талент да бидат на еден или друг начин санкционирани, вклучувајќи ги и родителите кои тоа го толерирале. Тоа да им биде поука на сите дека талентите се опасност за ова општество. Во жабурник како нашиов тие само ќе ни пречат. Ќе брануваат, што ќе биде смртно опасно за сите некадарници кои ја водат земјава;

г) не можев да редам други предлози бидејќи смеењето ми стана прегласно. А во себе си велев – зарем е можно да сме паднале на ова дереџе? Та ова е скандал од светски размери. Треба да се прати веста на главните светски новински агенции та сите да ни се смеат и чудат.  

И без да ги знам деталите, ми беше јасно: по ваков срамотилак, најмалку што може да стори Владата е министерката за образование истиот момент да си даде оставка, по своја одлука или по налог на премиерот. Така мораше да се постапи дури и доколку таа воопшто не знаела за случајот. Одговорноста е нејзина. Ова е невиден резил за државата и не смее туку така да се забошоти. Подоцна читам дека самата министерка го потпишала решението Дамјан да не добие награда! Просто да не веруваш дека до таму и е акалот а нејзина должност е да ја образува нашата младина! И не само тоа: таа изјавила дека за случајот бил виновен Сојузот на математичари на Македонија, чии лица дозволиле Дамјан како осмоодделенец да се натпреварува со средношколци!?! А зошто не и со студенти, забегана главо? Ова не е бокс та да одлучува тежината. Така се стимулираат и развиваат талентите низ цел свет. Ама кај нив нема жабурници кои ги поддржуваат министрите како нашава, која нема поим што е тоа образование и подем на таленти.

Таму не се плашат ако некој бранува зошто нема неспособни како оваа  министерка.

Резил, невиден резил. Чудо е што Владата молчи и не бара одговорност од министерката која треба не само да ја загуби функцијата туку да остане и без работа. На улица. Пред 60 години, кога студирав во Загреб, на почетокот на првата година на Електро – техничкиот факултет беа лоцирани двајца талентирани студенти. Веднаш беа издвоени во посебна група и факултетот го завршија за неполни три години. Следеше испраќање на магистерски и докторски студии во Брисел. Тие се вратија како доктори на науки пред да дипломира нивната генерација на матичниот факултет. Таква беше образовната политика и селекција на таленти во Хрватска пред 60 години. Кај сме ние денес? Никаде. Нормално, кога имаме таква  министерка.

Стара е изреката која вели дека државите се препознаваат по својот однос кон талентите. Каде сме ние по тој критериум, ценете сами. Ако “нашава“ министерка имаше грам памет, не само што ќе го наградеше Дамјан туку веднаш ќе го посетеше семејството во Штип и со неговите родители ќе направеше план како забрзано да се развива и личноста на Дамјан и неговиот талент за математика. Во договор со нив, таа мораше да подготви и предложи проект, финансиран од државата, како Дамјан што побргу да го заврши основното и средно образование, каде тој непотребно губи време, и да се направи план каде и што точно да студира. Паралелно, да се одреди тим од неколку врвни професионалци, професори по математика или од слични области, од Природно математичкиот или некој друг факултет, кои повремено или како веќе ќе се договори, ќе работаат со Дамјан. Така, наша најМила, реагира одговорно лице. Се’ друго е одраз на нашата мизерија. Ова е само нов аргумент зошто мораме да се срамиме што сме Македонци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This