Koлyмнa нa Трифун Костовски: Тpeтo дoбa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани пријатели,

Денес би сакал да споделам со вас мое размислување околу животот на секој поединец чиј животен пат стигнал до трето доба.

Ако првата доба од животот ја идентификуваме како образование, подготвувајќи не нас луѓето за животните предизвици, втората доба од нашите животи го сочинува нашиот регенеративен порив и создавање на материјални и духовни вредности за себе, семејството и најблиските;

И третата доба е период кога луѓето ги живеат годините на минатиот труд.

Каков е животот во трето доба кај граѓаните во високо-развиените економски земји и каков е истиот тој живот кај нас во Македонија?

Пред четири години бев на неколку дена во Бока Которска, во градот Котор каде бев многу пријатно изненаден што еден по друг се нижеа прекуокеански туристички бродови т.н. крузери, каде патници (во секој од нив минимум 5.000 на број) беа луѓе во трето доба од својот живот.

Ме импресионира потребата за живот кај овие прекрасни луѓе.

Во градот Котор кој јас би го нарекол мал Дубровник којшто нуди за очи и душа многу културно богатство, типично за периодот на Венецијанската Република и Австро – Унгарија, угостителските објекти беа преполни од овие туристи.

Љубопитноста на сите овие туристи ме импонираше, со каков жар и желба се дојдени да спознаат нешто ново кое како културно богатство било градено и изградено и оставено на нас денешните жители.

Составот на оваа група туристи од трето доба беше мешан, меѓутоа највеќе имаше Англичани, Французи, Германци и по некој Американец.

Анализирајќи ги овие држави сфатив дека токму оваа група од трето доба на граѓани и нивниот исполнет живот се вистинскиот доказ за едно изградено, цивилизирано општество.

Оваа укажува на фактот дека секое човечко битие во тие развиени земји има свое место и вредносен систем.

Сакам да ја споделам со вас мојата лична перцепција за луѓето од трето доба кои се граѓани на Република Македонија.

За жал констатирам дека ваков висок степен за вреднување на луѓето од трето доба кај нас не постои.

Најобичната перцепција за оваа трето доба во Македонија се сведува на: оди си во пензија и грицкај си ја пензијата.

Ваквиот приод е фаталистички, бидејќи веќе е вдомено сфаќањето дека луѓето од трето доба се веќе на заминување и отпишани од општествените и цивилизациските вредности на државата.

Луѓето од трето доба во Македонија ги немаат тие материјални можности да практикуваат во нивното секојдневие урбано дружење каде пријатели, другари седнуваат на кафе или заеднички ручек и цивилизирано меѓу себе комуницираат.

Голем дел од македонската популација на т.н. Трето доба времето го поминуваат дома или во парковите, играјќи шах, карти, табла и слично само со една цел, да го минат времето.

Почитувани, луѓето од трето доба во високо развиените економски земји го живеат животот трагајќи да видат и да почувствуваат тоа што дотогаш го немале видено, односно љубопитноста победува.

Кај нас сограѓаните од третото доба го минуваат времето само колку да им мине.

Заклучувам дека за најсилните економски земји во светот, начинот на живот и животот на т.н. Трето доба на граѓаните од тие држави се најголемиот показател за успешно општество.

Животот е непресушен извор за нова енергија и не смееме да овој порив им биде одземен на нашите сограѓани од ова доба.

Третото доба во западниот свет е вистинска слика за социјализирано и високо вреднувано општество.

Минувајќи го времето во Скопје, по ресторани и кафулиња наидувам често пати на групи  мои сограѓани од трето доба кои практикуваат, саботно кафе пиење, неделно дружење или во текот на викендот практикување на одредени спортови.

Тоа за мене е вистински живот што им доликува на луѓето од трето доба. Се може да се постигне кога се сака, знае и се планира. Животот во трето доба мора да си го направиме значаен со што ќе биде прекрасен амблем за успешно општество.

Колку и да сакам да ја одвојам политиката од оваа фаза на трето доба мислам дека тешко ќе оди.

Токму во Македонија луѓето од оваа доба го изгубија својот идентитет поради политичките партии кои ги третираат само како гласачка машинерија и им се умилкуваат со мали подароци или со минимално зголемување на пензии, само со цел да го добијат нивниот глас.

На крајот заклучувам дека му посакувам на секој мој сограѓанин да го доживее третото доба од сопствениот живот, но истовремено инсистирам да секој сограѓанин бара за себе општествени привилегии како би можел да и оваа доба од животот ја помине достоинствено.

Не смееме да ги закопаме амбициите за поквалитетен живот на нашите сограѓани од трето доба.

На крајот од краиштата, животот и квалитетот на т.н трето доба е вистинска слика за општеството во кое живееме.

И да не заборавиме: мудроста и мудрите мисли кои најмногу не поучуваат, во светот доаѓаат токму од популација во трето доба.

Пишува, Трифун Костовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This