March 28, 2024, 10:03 am

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Hapoднa Бaнкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Несомнено денеска ќе ви го узурпирам вашето време со моите размисли поврзани со стечајот на Еуростандард банка – чин за кој денес сѐ повеќе сум сигурен дека претставува злосторство врз банката, штедачите, правни и физички лица како и врз нас акционерите.

Народна банка ги направи сите чекори што во ниту една нормална држава оваа институција не би смеела да ги направи. Повеќе од очигледно е дека Народна банка скокна одредени процедури кои мораше да ги направи со цел Еуростандард банка да се стабилизира и продолжи да функционира во банкарскиот сектор.

Народна банка прескокна повеќе битни работи меѓу кои ќе ги спомнам следниве: Вонредни мерки беа минимално преземени против банката и лица кои беа на функции во банката. Ја прескокна мерката администрација и веднаш ја однесе банката во стечај после завршувањето на вонредната состојба која траеше цели 97 дена и завршувањето на вонредните парламентарни избори, без функционално Собрание и функционална Влада. Факт е дека Техничката Влада со носењето на двете контрадикторни уредби со сила на закон во поглед тајмингот за носење во стечај на правни субјекти по завршувањето на вонредната состојба, кумуваше во корист на Народна банка која беше детерминирана по секоја цена Еуростандард банка да ја однес во стечај.

Дотолку повеќе што актуелната Гувенерка Анита Бежоска, во Народна банка не си ги почитуваше ни своите Вицегувернери и Директори на супервизија, кои во директна комуникација преку видео конференција, со Управниот одбор и Надзорниот одбор на ЕСБ, дадоа временски период банката да се докапитализира за 3,5 милиони евра до 14 август 2020 година. Оваа видео конференција е одржана на 6 август 2020 година, додека Гувернерката Бежоска ја одзема лиценцата на ЕСБ на 12 август 2020 – зар не е ова повеќе од чудно и сомнително?

Поводот што денеска повторно ви се обраќам на оваа тема е токму годишниот извештај на ЕСБ кој се изготвуваше од ревизорската куќа Гранд Торнтон и не беше озваничен поради стечајот што беше објавен од Народна банка.

На основа документацијата со која што располагаме во подготвувањето на оваа завршна сметка за 2019 година, заклучувам дека Народна банка, доколку сакала да ни ја одземе лиценцата можела тоа да го стори во мај месец 2019 година или декември месец истата година, бидејќи структурата на капиталот и кредитното портфолио согласно стандардите на Народна банка биле во значително полоша ситуација, отколку во моментот кога банката е однесена во стечај.

Почитувани, и денеска не ми е јасно како е можно Госпоѓата Бежоска да дојде на челната позиција во Народна банка. Лично имав можност да бидам со неа на неколку средби. Ниту далеку во себе ги немаше вградено познавањата кои ги имаа нејзините предходници од оваа област.

Почитувани, токму таквите луѓе се идеални да бидат водени или контролирани од одредени центри на влијание.

Неможам да разберам како е можно до денес истражната постапка да тапка во место и да се води исклучиво врз основа на извештајот и препораките од Народна банка за стечајот на Еуростандард банка.

Јавните истражни институции за овој криминал мора да влезат во оваа затворена од јавноста институција и комплетно да го проверат нејзиното работење во сиот изминат период. Не може да постои организиран криминал во држава и стечај како ТАТ и Еуростандард банка, а да не се замешани структури од Народна банка. Не смееме да дозволиме Народна банка да ја ставиме над законите во Република Македонија. Мора секој да понесе одговорност.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This