Koлyмнa нa Трифун Костовски: „Kлин чopбa“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешниов наслов ме асоцира на еден од највпечатливите ликови од бивша Југославија, кој умееше да ги разнежни и да ги насмее лицата на обичните луѓе во бившата ни СФРЈ, а тоа е Миодраг Петровиќ Чкаља.

Тој умееше да направи чорба со обичен клинец. Чкаља виртуозно умееше да направи прекрасна пародија за тоа како се прави чорба од клинец. Велеше: „Ставете лонец со вода, ставете еден клинец во него и кога ќе зоврие имате клин чорба. Мирудиите, вели, по ваш избор”. Токму овој сатиричар од бившите ЈУ времиња ме поттикна денешниот наслов на мојата колумна да ја именувам како клин чорба. Во превод во мојата денешна колумна ќе додадам „мирудии“, од повеќе аспекти на денешното живеење.

Вообичаено почнувам со Еуростандард банка и нејзиниот стечај. Мојата конзистентност да дојдам до вистината е уште посилна и ве уверувам дека секој атом кој е во мене ќе го насочам токму кон барањето за вистината за неразумниот чин – носење во стечај на Еуростандард банка. Госпоѓата Бежоска може да добие уште 10 награди за нејзината професионалност, па дури и Нобелова награда, ама тоа во ништо не го менува мојот став дека таа е главниот извршител на овој грозоморен чин.

Како второ би сакал да дадам свој коментар на одлуката на Уставниот суд за повторно разгледување на членот 163 од Законот за банки во поглед правото на приоритет на наплата од стечајната маса на Фондот за осигурување на депозити.

Почитувани пријатели, составот на Уставниот суд со исклучок на поедини личности е состав на луѓе кои биле поддржани од партии на власт или опозиција. Последниот став на Уставниот суд кој што вели дека повтроно ќе го разгледа членот 163 од Законот за банки, за мене е само купување на време. Ќе прашате зошто? Затоа што во јуни месец истекува мандатот на два члена од Уставниот суд кои треба да бидат заменети со нови, читајте во превод предложени од партијата на власт. Со промена на композитноста на Уставниот суд секое решение е можно и длабоко сум убеден дека ќе се повтори ставот во кој што Фондот за осигурување на депозити, ќе ја добие пресудата дека тој има првенство за наплата од вкупната стечајна маса на Еуростандард банка. Неконзистентниот став на Уставниот суд ја гледам токму во овој момент, бидејќи да сакаше да го реши овој случај каде граѓаните ќе бидат изедначени со правото на наплата од стечајната маса, требаше да го укине членот 163 за приоритет на Фондот. Тоа не се случи!

Претстојат локални избори во блиска иднина и предвремени парламентарни избори. Некој некому му се додворува. Зошто? Основната причина е гласот на обичниот граѓанин.

Почитувани, со ова го завршувам текстот посветен на Еуростандард банка и на Уставниот суд. Повторувам, сето горе наведено е мој личен став.

А би сакал денес да споделам со вас еден пријатен настан, бидејќи бев дел од Велигденскиот концерт кој се снима во познатиот Кафе Клуб Интермецо, согласно сите протоколи пропишани против ширењето на вирусот Ковид-19, ѝкаде што во друштво со многу еминентни естрадни уметници учествував и јас со мои две изведби на песни од мојата младост. Чинот што менаџерскиот тим на Интермецо го направи е за почит. Во време на пандемија, кога владее полициски час, и кога верниците не се во состојба да го чествуваат овој празник согласно традициите кои векови наназад ги практикуваме, менаџерскиот тим на Интермецо организира концерт кој што ќе  биде емитуван токму на големиот празник Велигден, само со една цел да им го разубавиме денот на нашите сограѓани од православна верска исповест. Признавам, привилегија е да можам и јас да направам придонес во чествувањето на овој голем празник Велигден.

Користам прилика да ги поздравам и пријателите кои ѝ припаѓаат на Исламската верска исповест, да издржат во своите пости и да им изразам ним и на нас христијаните честитки по повод празниците со желба за здравје, хармонија, просперитет во животот што ни предстои.

Со искрени и длабоки поздрави.

– Пишува, Трифун Костовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This