Koлyмнa нa Трифун Костовски: „Kaквa Македонија caкaмe“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе ми простите, не сакам да пишувам некролози, меѓутоа душата не ми дава да не го споменам денешниов ден, 12 aприл, точно 8 месеци од убиството на Еуростандард банка.

Настрадаа многу семејства, правни лица, а истрагата за ова злосторство тапка во место. Мои блиски пријатели веќе четврти месец, упорно инсистираат да си го вратат долгот за земен станбен кредит од некогашната Еуростандард банка, меѓутоа упорно правното лице, Еуростодард банка во стечај одбива да ги прими овие пари користејќи ја фразата која е типична за сите малверзации во нашата земје „почекајте ќе ве повикаме“. Овој однос објаснува дека некој упорно се труди да ја покрие стечајната маса на собраните пари. Мудроста умее да каже: „заклаа вол за едно кило месо.“ Почитувани, ова беше само потсетување дека и понатаму сум посветен на ова злосторство сторено врз мене и моето семејство и врз физичките и правни лица-коминтенти на Еуростандард банка.

Денеска сакам да го  споделам со вас моето размислување, барајќи ги причините за тоа зошто како држава дојдовме на ниво да бидеме омаловажувани од нашите соседи, па би рекол и од целокупната светска заедница. Причините за ваквата состојба на Република Македонија ја гледам исклучиво во кадрите или политичарите кои ја водат оваа држава на централно и локално ниво.

Ќе се согласите со мене дека резигнацијата од општествените и политичките случувања е толку голема кај секој граѓанин, што тој веќе отрпнат на секакви неправда не го ни забележува криминалот иако му е пред очи. Криминалот на граѓаните во оваа земја се чини како нормалност.

Основните причини за оваа апатичност ја гледам токму во изборниот законик. Изборниот законик во Македонија на локално и централно ниво бара минимум консензус на излезеност. Значи, гласањето не е облигаторно, туку е по сопствен избор.

Токму тука е клучот, повторувам, по моја лична перцепција, за одговорот зошто граѓаните се убедени дека неможе веќе ништо да се смени во државата и се разочарани до степен на апатичност од практикувањето на владеење во Република Македонија.

Заклучувам, на избори излегуваат во најголем број партиски членови и по некој симпатизер.

Евидентен е процентуалниот пад на излезноста во гласањето на локално или централно ниво.

Во нашите соседни држави Грција, Бугарија, Турција, гласањето е со закон регулирано дека секој граѓанин мора да излезе да гласа. Ваквото облигаторно право му дава можност на секој поединец кој што е обврзан да излезе да гласа да размисли кому ќе  му го даде својот глас. Народски кажано, изборот ќе го направат сите граѓани на Република Македонија, а носителите на функции ќе ја имаат вистинската поддршка.

Убеден сум дека мора да се смени законот, и гласањето да стане законска обврска за секој граѓанин на Република Македонија.

Вториот сегмент во изборниот законик треба да се менува, бидејќи претендираме дека сме унитарна држава што значи целата Република Македонија да биде една изборна единица.

Изборните листи не да бидат партиски, туку да бидат граѓански. Да се гласа за граѓанинот, за личноста со своја биографија и интегритет, а не за партијата. Зошто ова го велам – бидејќи очигледно партиските послушници кои активно учествувале во изборните процеси онаму каде што победила нивната партија се единствените привилегирани личности во нашето секојденвие. Кога говорам привилегирани, не мислам на нивната спремност да се зафатат со предизвикот кој го бара самата функција, туку народски кажано му се доделува функција за „заслуги“, затоа што бил партиски послушник.

Во Македонија има исклучително значајни личности, искусни, со експертиза, интегритет и со индивидуални квалитети кои може да придонесат да се смени целосната слика во нашата држава.

Нам ни требаат квалитетни луѓе, со одговорен пристап во вршењето на својата функција, меѓутоа наоружани со знаење и искуство, а пред сѐ со чесност и свест за заедничко добро.

На крајот сакам да споделам со вас дилема која долго време ме мачи, а е поврзана со нашата Република Македонија. Согласно Уставот, Македонија е унилатерална држава. Ако подлабоко навлеземе во анализата на локалната територијална поделба која е извршена во 2004 година ќе заклучиме дека федерализацијата на Македонија е отпочната точно со донесувањето на сила на овој закон за територијална поделба.

Мапата на локалната територијална поделба е исцртана не согласно современите потреби на сите граѓани, туку исклучиво по етнички основа.

Мои пријатели, патувајќи од Кичево до Ботум пред Охрид на секоја бензинска пумпа се закачени сите можни знамиња единствено недостасува државното макдеонско. Знамиња на Косово, Албанија, САД, ЕУ, НАТО, ама Македонско нема. Дали овој мал показател говори нешто за унилатералноста на Македонија? Не, мои почитувани, за жал ова не води кон одржувањето на унилатералноста, туку води кон федерализација на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This