April 20, 2024, 12:30 am

Koлyмнa нa Трифун Костовски: Ocвecтyвaњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Би сакал, денес, во мојата колумна да се осврнам на две суштински работи кои мене лично ме засегаат, a претпоставувам и вас.

Првата, неминовно, е поврзана со прашањето за стечајот на Еуростандард банка.

Минатата недела се разменија сериозни оптужби меѓу мене како поединец и Комерцијална банка, столб во банкарскиот систем во Република Македонија.

Денес се огласи и Здружението на оштетените штедачи со свој текст кој црпи информации од меѓусебната коресподенција меѓу мене и Комерцијална банка од минатата недела.

Оштетените штедачи се повикуваат на точката 3 и во целост го пренесуваат ставот на Комерцијална банка и мојот личен став. Мило ми е што ова здружение е посветено да се најдат нивните пари и сакале тие да признаат или не, ние, а кога велам ние, мислам на себе и оштетените штедачи, сме на иста страна. Не само оштетените  штедачи, и јас како акционер сум оштетен. Не сакам да зборувам за висината на оштетувањето, бидејќи во моментов тоа не е битно. Најбитно е дека ние си припаѓаме еден на друг и треба да имаме иста цел. Се трудам да ја разберам нивната резервисаност што на мојата бланко потпишана пристапница кон нивното здружение, до денес не ме удостоија да ме прогласат за член на здружението, сметајќи дека ќе можат да си ги решат сопствените проблеми на начин ако се додворуваат на институциите и на Владата. Жал ми е за изгубеното време. Залудни се нивните очекувања од Владата и од институциите кои треба да ја спроведат правдата. Нашата битка треба да биде заедничка, и се надевам дека наскоро ќе го согледаат аргументот за овој мој став.

Почитувани оштетени штедачи на Еуростандард банка, мене ми е јасно, ама и вам треба да ви е јасно дека моментот на носењето на Еуростандард банка во стечај е избран точно кога во државата имаме безвлстие и дека никому не му било грижа дека ќе се стават во залог и на коцка многу човечки судбини. Никому не му било грижа ниту за вашите чесно заравотени средства, ниту за моите, а особено не за судбините на вашите семејства. Имале само една цел ДА СЕ СКРИЕ ПАТОТ КАДЕ ЗАВРШИЛЕ ВАШИТЕ И МОИТЕ ПАРИ.

Сакам да ви појаснам, бидејќи отворено ме прашувате во вашиот денешен пост дека земените 10 милиона евра кредит се земени од Комерцијална банка за докапитализација на Еуростандард банка со заложени акции на осигурителната компанија Еуролинк која во меѓувреме се продаде на Австриската осигурителна компанија Граве. На тој начин овој кредит беше веднаш затворен.

Депозитот од  3 милиона евра кој Еуростандард банка го стави како депозит на сметката отвроена во Комерцијална банка, беше ставен како кредит за посебна кредитна линија која ја користеше фирмата Гофи.

Тие 3 милиона евра беа гаранција дека Гофи ќе си ги отплаќа месечните рати на добиениот кредит и не смееа воопшто да се користат . Денес од тие 3 милиони евра нема ништо, а долгот на Гофи кон Комерцијална банка останува цирка 7 милиона евра и убеден сум дека деновиве ќе отпочнат со процесот на конфискување на хипотеките, а тоа се Поштенска банка и Палата Македонија.

Во случајов како што србите велат мене ми зедоа и јаре и паре. Почитуивани, не се каам и не бегам од сопствената вина што бескрајно и безрезервно сум им верувал на одредени луѓе.

Бидете убедени, работам деноноќно и се соочувам со уште поголеми небулози на релација Комерцијална банка – Еуростандард банка. Имено, фирмата Кубус, која немала во тој момент  ниту сметка, ниту била клиент на Еуростандард банка, добива кредит од Еуростандард банка на неговата сметка во Комерцијална банка од цирка пола милион евра, за кој кредит не знаеме ниту ние акционерите на Еуростандард банка, ниту пак сопственикот на сметката  Кубус во Комерцијална банка. Игри без граници, меѓутоа игри на туѓа сметка, по туѓ џеп. Бидете убедени, на пат сум да ја докажам вистината за патот на парите и вмешаноста на поединци и целиот раководен врв на Народна банка.

Дополнително ќе споменам дека обвинителниот акт од Основното јавно обвинителство, кој еднаш го прочитав и втор пат ми беше прочитан од Јавниот обвинител, после длабоки анализи доаѓам до заклучок дека тој обвинителен акт состваен врз основа на официјалниот став на Народна банка на Македонија при носењето во стечај на Еуростандард банка. Обвинение без никаква логика. И сега уште повеќе сум убеден дека Основното јавно обвинителство беше принудено под притисок на јавноста да го отвори овој случај. За мене ова е чиста фарса. Верувајте нема да им помине.

Убеден сум дека со моите јасно изнесени ставови во јавноста претставувам закана за одредени структури. Им порачувам – не се плашам, па дури и по цена на животот.

Вториот дел од оваа колумна би сакал да го посветам на теми кои сите нас нѐ засегаат. Тоа ќе го сторам преку анализа посветена на мојот пријател Тито Петковски.

Имав можност да го следам неговиот настап на Само Вистина на Канал 5, каде меѓу другото се говореше за случајот Мијалков и функционирање на коалицијата во Владата.

Евидентно е веќе дека дел од коалиционите партнери на СДСМ заземаат позиција на дистанцирање од сите неуспеси кои досега оваа Влада ги испорача, а тие партии се ДС на Павле Трајанов, ЛДП на Милевски и ДОМ на Лилјана Поповска.

Многу нешта има во низата на неуспеси: влошувањето на меѓусоседските односи со Бугарија, недобивањето на датум за преговори со ЕУ, и како врв е колапсот и неспособноста на менаџерите во јавното здравството – каков апсурд, се мачиме од петни жили да купиме вакцини против вирусот Ковид-19 и замислите дури ни парите не ни ги сакаат! Тоа говори за рејтингот на нашата држава, а особено на нашата Влада на домашно и меѓународно поле. Во земјава го лажат народот, а на меѓународна сцена се непочитувани. Срам, голем срам.

Господинот Тито Петкосвки со кого се познаваме повеќе од 3 децении ми е пријател, меѓутоа не можам да ги разберам неговите ставови и видувања. Јас сум по вокација стопанственик, а господинот Петковски е политичар уште од бившата ни СФРЈ, па до денес. Имам едно основно прашање до него, бидејќи во интервјуто на Само вистина ја искажа својата лојалност кон коалицискиот партнер СДСМ, иако сум убеден дека и самиот е свесен дека се фатил со ѓаволот во игра. Прашање за господинот Петковски: дали неговата лојалност е поголема кон партијата на власт СДСМ или кон граѓаните на чија сметка си го изгради својот политички профилиран стаж и егзистенција? Розовите очила редно е да ги симне и да заличи на стариот Тито, кој јас го познавам.

Со наведнување глава мој пријателе не се гради држава. Прости, ова се зборови кои очекував ти да ги кажеш. Те знам со години, а дали добро те познавам, незнам. За тебе , за мене , за секој поединец делата треба да говорат. Имаш моќ и сила да тропнеш на маса, а не да ги аминуваш лудориите кои ги прави оваа забегана власт. Пријателе те повикувам врати се на сопствениот пат. Нам не ни е потребно подаништво, особено не од луѓе кои би требало да имаат интегритет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This