Koлyмнa нa Трифун Костовски: Потсетување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби оние кои ме познаваат подобро знаат, а можеби многумина не знаат – јас сум одлучна, одговорна и правдољубива личност. Низ целиот мој живот сум бил одлучен, сум носел храбри одлуки и со тоа не сум се плашел да ја понесам на плеќи одговорноста. Па, така, и во овој случај, неправедниот стечај на Еуростандард банка, кој е навистина не само интимно трауматичен туку кој зборува за траумата од општествениот систем во кој работам, живеам и дејствувам – ќе бидам решителен до крај и нема да го потиснам поривот за расчистувањето со стечајот на Еуростандард банка, со цел да докажам дека станува збор за злостор, за неправда и за организиран криминал до највисоки инстанци. Ваквиот порив за правдина од ден на ден само ми се засилува и ќе ми дозволите повторно ви го одземам вашето внимание со прашања врзани за овој случај.

Во мојата последна колумна упатена до актуелниот Министер за внатрешни работи, министерот Оливер Спасовски, поставив три базични прашања, врзани околу неговото знаење или незнаење, ангажирање или неангажирање, во стечајот на Еуростандард банка.

Одговор за жал не добив, меѓутоа се надевам дека доблеста на министерот ќе ги надрасне партиските интереси и дека сепак ќе излезе со јавно соопштение.

Со цел јавноста да биде во тек, ќе ми дозволите повторно, таксативно да ги наведам пропустите на институциите во Република Македонија, посебно на Народна банка за водење на Еуростандард банка во стечај.

Годината 2020 ќе ја паметиме, не само ние во Македонија , туку и целата светска заедница како година на пандемијата со вирусот Ковид-19 која остави длабоки траги во психофизичкиот живот на човекот и во економијата.

Жалам за изгубените животи од овој непредвидлив вирус кој е сеуште меѓу нас и убеден сум дека наскоро ќе го победиме.

Од друга страна не сум убеден дека толку бргу ќе го подигнеме стопанството кое е носител на севкупниот развој во Македонија.

Имајќи го во предвид горе наведеното, Еуростандард банка официјално беше однесена во стечај на 12 август 2020 година, иако има индикации дека решението за носење во стечај на банката било изготвено на 01 јуни 2020 година, а тоа значи дека одлуката била донесена многу порано. Гледам одлука, ама не судска, одлука на поединци и групи, кои решиле да го покријат злосторот направен во Еуростандард банка, чии последици и ден денеска се чувствуваат.

Таксативно ќе ги наведам фактите.

Кон крајот на март 2020 година адекватност на капиталот на Еуростандард банка беше 6,55%, со докапитализираните 11 милиони евра, вложени од страна на нас, акционерите.

Во исто време поради појавувањето на вирусот Ковид -19, беше воведена вонредна состојба во Македонија, која траеше цели 97 дена. Со мерките предвидени од оваа вонредна состојба, Еуростандард банка беше комплетно затворена за било какви активности, бидејќи пред тоа, од страна на Народна банка, ѝ беше одземено правото да работи со правни и физички лица, а со овие 97 дена вонредна состојба ни беше одземено и правото за присилна наплата на нашите побарувања, кои на месечно ниво од веќе отпишани лоши пласмани успевавме да наплатуваме меѓу 2,5-3 милиони евра.

Народна банка имаше на располагање многу алатки со цел да го спречи стечајот, а тоа се: редовни мерки, вонредни мерки, администрација и на крајот стечај. Таа ја користеше првата мерка, многу симболично втората мерка, третата мерка, администрација, простум ја прескокна и се фати за сатарот – стечај.

Ние како акционери баравме и најдовме стратешки партнер кој требаше да ја стабилизира банката и ги исполнуваше сите услови на Народна банка за да се бави во банкарскиот сектор. За жал стратешкиот партнер не беше удостоен, ниту со еден состанок, а ние акционерите во континуитет во јуни и во јули месец 2020 година инсистиравме потенцијалниот стратешки партнер да биде примен од Народна Банка. За жал тоа не се случи. Причините и денеска не ми се познати.

Клучно во целиов овој случај беше учествотот на Техничката влада, која беше формирана со цел да ги организира предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули 2020 година.

За време на нејзиното функционирање се носат две клучни уредби со сила на закон, кои меѓусебе се контрадикторни и се дирекно поврзани со стечајот на Еуростандард банка.

Со првата уредба на Техничката Влада, објавена во Службен весник на 24 март 2020 година со цел да го заштити домашното стопанство од последиците на пандемијата Ковид-19 и посебно воведената вонредна состојба се носи уредба во која што цитирам нема отварање на стечај во време траење од три месеци после завршување на вонредната состојба.

Со иста таква уредба на истата Техничка влада, сега објавена на 29 мај 2020 година, се укинува одлуката за три месечна толеранција за отворање стечај на правни субјекти.

Повеќе од јасно е дека Еуростандард банка беше првиот и единствен стечај отворен после вонредната состојба. Фактот дали е шпекулација или не дека решението за стечај од Народна Банка било подготвено на 01 Јуни 2020 година, говори дека оваа уредба е донесена токму за ликвидација на Еуростандард банка. Претпоставувам поради веќе закажаните предвремени парламентарни избори на 15 јули 2020 година, носењето на банката беше одложено за периодот после вонредните парламентарни избори. Замислете каква луцидност и перфидност од сторителите на овој злостор. Одлуката за стечај се објавува званично на 12 август, кога не е формирано Собранието и не е формирана новата Влада. Ова практично значи дека во нашава држава или се случува вистински хаос во носењето на битни одлуки или, пак, многу високо организиран систем кој јас го нарекувам организиран криминал.

Собранието на Република Македонија, кое е главно и одговорно за работењето на Народна банка не стори ништо во врска со справувањето и расчистувањето на овој стечај. Орагнизираното сослушување во Собранието на РМ од страна на Комисијата за финасирање и буџет, очекував дека ќе даде некој импулс кај главните актери на политичката сцена. За жал констатирам дека тоа беше само фарса, а членовите на комисијата во самиот процес на испрашување настојуваа да соберат политички поени, додека прашањето за стечајот денес го имам впечатокот дека воопшто не им беше приоритет.

Почитувани, ќе ми биде многу тешко да ја носам Република Македонија и Народна банка пред Арбитражниот суд за стопанство во Парис, бидејќи веќе во земјава ги минувам сите предвидени со закон чекори да дојдам до правдата. За жал вратите се затворени, сите челници на институциите делуваат незаинтересирано и тоа е сликата која што несомнено многу ме погодува.

Благодарност до сите мои читатели и пријатели кои ме поддржуваат во оваа моја борба и кои ми укажуваат, бидејќи многу гласно  мислам, зборувам и пишувам дека за мене се спрема некој концепт, секако во согласност со законот, со кој би бил замолчен. Порачувам до сите кои така размислуваат, јас сум тука. Стојам на располагање во секој момент, имам лице, образ и достоинство. Сѐ може да ми земете, ама не можете да ми ја земете честа, достоинството и мојата упорност за правда.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This