Koнтроверзен бизнисмен си отворил фирма во Белизе: Тој пepeл сопствени пари, а обвинети се Камчев, Груевски и Мијалков иако немале врска со тоа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сведоци во судот на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ откриваат дека новиот “Нинџа” на Јавното обвинителство, Aлександар Ивановски попознат под прекарот Алек Теранова кој важи за контроверзен бизнисмен отворил фирма во Белизе преку која перел сопствени пари, а во случајот е обвинет познатиот бизнисмен Орце Камчев, екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Денеска во судот сведочеше Менка Марковска, сведок на обвинителството која е вработена како адвокат во адвокатското друштво Чупич и Марков.

Таа посведичи дека адвокатот Серјожа Марков кој и е работодавач ја повикал во канцеларија, а таму бил присутен и Алексадар Ивановски – Алек Теранова.

На тој состанок Серјожа ја запознал со Ивановски и и посочил дека треба да се направи фирма со странски капитал која тој ќе ја финансира.

Адвокатката ја побарала потребната документација на што добила одговор дека истата ќе ја обезбеди Ивановски.

Неколку дена подоцна бизнисменот Алек Теранова повторно се видел со адвокатката во присуства на Серјожа Марков, средба на која Ивановски и кажал дека директор на фирмата „Sirah Limited“ од Белизе ќе биде Ристе Новачевски, кој му бил кум на тогашниот премиер Никола Груевски.

По што нејзиниот работодавач Серјожа ја замолил адвокатката да биде „внимателна во комуникацијата“.

Неколку дена подоцна кога таа заминала во Централен регистар да ја формира фирмата, била известена дека Новачевски не може да биде управител на фирмата бидејќи бил член на Управен одбор на фирма чија сметка е блокирана.

Веднаш потоа таа го известила својот надреден, Серјожа кој и рекол дека пречката е остранета и дека Новачевски може да биде управител, а се што треба таа да направи е да оди да провери во Центарлен регистар.

Денешното сведоштво Марковска упатува на тоа дека токму „крунскиот сведок“ на обвинителството кој треба да се најде во улогата на Александар Василевски – Нинџа кој соработуваше со обвинителството во случајот 27 април и лажно сведочеше со цел да се докаже обвинението на Русковска, бил оној кој перел пари преку фирми на Белизе.

Инаку бизнисменот Алек Теранова воопшто не е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ што упатува дека тој соработува со обвинителката Лиле Стефанова со цел преку лажни сведочења да го потврди обвинението.

Претходно превид на надлежната обвинителка во предметот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова, ја откри уцената под која се наоѓа главниот сведок Ивановски.

При презентирање на докази во врска со основање на фирмата „Сирах Инженеринг Лимитед“ од Белизе, Стефанова презентираше копија од лична карта на основачот на компанијата Ристо Новачевски, но, по греша и патната исправа на Александар Ивановски кој во случајот не е обвинет, туку е сведок на обвинителството.

Проблематично е тоа што до сега не се знаеше под кои околности Алек „Теранова“ е сведок, а не обвинет во истата постапка, иако против него се водела истрага, како што ненамерно денес покажа и Стефанова.

Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев, приговараше на оваа ситуација, потенцирајќи дека токмум Александар Ивановски е лицето кое ги сторило сите криминогени дејствија поради кои неговиот клиент и другите обвинети во предметот сега се пред судија, а Ивановски е сведок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This