April 19, 2024, 12:42 pm

Koнфликт во ЕУ поради Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Известувачот на Европскиот парламент за таканареченото Косово, Виола фон Крамон, не го поддржува ставот на специјалниот пратеник на ЕУ за преговори меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, за промена на косовскиот устав.

Фон Крамон на Твитер изјави дека верува дека таквиот став нема да му донесе ништо добро на Косово.

„Не мислам дека разговорот за промена на уставот на Косово води никаде“, рече Фон Крамон.

Мирослав Лајчак неодамна изјави дека нема нормализирање на односите без договор, односно договор без ЗСО и прeдупреди дека Брисел не може да го прифати Уставот како „црвена линија“.

„Ако Белград се држи до својот устав, а Приштина до својот устав, тогаш нема простор за дијалог“, рече Лајчак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This