Koнcyмиpaјтe ги пoчecтo: Cпpeчyвaaт пojaвa нa хpoнични бoлecти и гo зaбaвyвaaт cтapeeњeтo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не се залудно маслинките еден од основните производи во медитеранската исхрана која е позната по бројните здравствени придобивки.

Овие мали зелени плодови се ризница на витамини, минерали, макро и микроелементи кои се важни за здравјето на коските и за блескавата кожа. Во продолжение, зборуваме за главните корисни својства на маслинките и зошто дефинитивно треба почесто да ги консумирате.

Го забавуваат стареењето:

Маслинките имаат моќни антиоксидативни својства. Тие се богати со витамините А и Е кои го штитат телото од слободните радикали и ги спречуваат оксидативните процеси. Оксидацијата не само што може да предизвика развој на хронични болести туку и значително да го забрза процесот на стареење. Антиоксидативната вредност на маслинките се зголемува со високата содржина на лутеин и полифеноли.

Го чуваат здравјето на срцето:

Редовното консумирање на маслинки обезбедува превенција од кардиоваскуларни болести. Поради високата содржина на олеинска киселина, тие се во состојба да го поттикнат производството на добриот холестерол и го блокираат лошиот. Покрај тоа, маслинките се богати со природни минерали кои го зајакнуваат срцевиот мускул и васкуларните ѕидови, штитејќи ги од оксидација и калцификација.

Ги зајакнуваат коските:

Уште една важна особина на маслинките е што тие значајно го подобруваат здравјето на коските и спречуваат развој на остеопороза. Оваа болест се карактеризира со старосни промени во структурата на коскеното ткиво, поради што тоа станува кревко. Таквите промени започнуваат да се случуваат во телото по 25-та година, па превенцијата треба да започне што е можно порано.

Помагаат во регулирање на телесната тежина:

Иако се прилично калорични, маслинките можат да помогнат во ефикасно намалување на вишокот килограми. Тие содржат мононезаситени масни киселини – здрави масти, а бројни студии потврдуваат дека нивната редовна консумација доведува до здраво губење на вишокот килограми и нормализација на многу процеси во телото. Покрај тоа, маслинките се извор на триглицериди од среден ланец. Тие се липидни соединенија кои телото лесно ги разградува и кои благотворно делуваат на метаболизмот. Поради своите високо сварливи и асимилабилни структури, телото ги користи триглицеридите како гориво наместо да ги складира во телесните масти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This