Koтлap: Koлку пати „нapoдната“ влacт ќe го ocyди и ќе се отkaже од Петpe Пиpyзе-Majски?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Наташа Котлар од Институтот за национална историја реагира за преименувањето на улицата „Петре Пирузе“ во „Мексичка“, најавено од Град Скопје.

„Колку пати ‘народната’ власт ќе го осуди и ќе се откаже од ПЕТРЕ ПИРУЗЕ-МАЈСКИ, првоборец, асномец и потписник на Манифестот, прв повереник за правосудство на ДР Македонија. За правосудство, господо! Не е чудно, што академик Блаже Конески, своевремено напишал: ‘Како се измешал светот, косата да ти се крене!… Како да не бидам тажен, штом гледам што е нашево сега, нашето минато’.

Ова го истакнувам заради тоа што вчера во етерот прозвучи новата ‘брилијантна’ идеја на скопскиот градоначалник за нови имиња на скопските улици и плоштади. Во ова ‘пучко’ замајување, прозвучи и намерата скопската улица ‘Петре Пирузе’ да се именува како ‘Мексичка’! Чие име сакате да избришете? На оној ште беше осуден од бугарската окупаторска власт на смрт во 1941 година, на оној што беше охридска, дебарчанска и македонска легенда во НОБ, на оној којшто успеа и со дело, и со акција, да направи посебна зона во западниот дел на Македонија, каде што се формираа партизанските одреди ‘Славеј’, ‘Јане Сандански’, баталјонот ‘Мирче Ацев’ и Македонско-косовската бригада, на оној кој беше за автокефална македонска црква, на оној кој заедно со Методија Андонов-Ченто, Панко Брашнаров и другите ги постави темелите на македонската слободна држава, на оној кој заради своето македонство доживеа и голооточка судбина, на оној кој даде сè, а не доби и ниту зеде нешто од македонската држава и општество. Единствено доби еден споменик пред охридскиот суд од македонската адвокатска комора. Не доби од своите сограѓани, не доби од македонската држава, а сега дури и скопјани му го земаат споменот!

Мизерно, господо! Сега и разбирам зошто историјата како предмет е осакатена од оваа ‘народна и северна’ власт! За да ни го избришат сеќавањето, достоинството, македонството! На ова нихилистичко однесување доволна е Гоцевата поука: ‘Овчка главо, запомни дека пред оние на кои им ја должиш можноста да го напишеш своето име – ч о в е к, треба да стоиш без капа и кога ги пцуеш!’“, коментира Котлар.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This