January 24, 2021, 11:16 am

KOBИД ПОЛИТИKAHСТВО ИЛИ БOPБА СО ПAHДEMИJATA?!

Поврзано

Колумна на Ристо Никовски: Ceгaшнaтa бугарска пoлитикa e peaфиpмaциja нa Живкoвизмoт

За да се согледаат корените на сегашните бугарски политички небулози во однос на Македонија и Македонците, одличен водич е...

Цapoт e гoл

Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив...

Колумна на Мирка Велиновска: Луѓе и глyвци

Овој текст им го посветувам на ,,револуционерите,, од шарената куртон СДСС-соросоидно – УЧКаста ГМО бројлерска оргија организирана од цијашот...
- Advertisement -

Поразителни се бројките на заболени и починати од COVID-19 во Македонија, што укажува на нефункционалност на системот и неорганизираност на Власта на централно и локално ниво. Несериозниот пристап, немањето конкретни и ефикасни мерки, го фрлаат народот на колена пред пандемијата!!

Енормниот пораст на невработеност и сиромаштија уште повеќе ја усложнува лошата ситуација!!!!

Траумите што граѓаните секојдневно ги доживуваат се страшни и болни: недостаток на тестови и висока цена на истите, недостаток на респиратори, недостаток на кислород, недостаток на амбулантни возила и здравствен персонал, недостаток на слободни места  во болниците, чекање по ладните ходници и надвор од нив, несоодветни услови, недостаток на лекови… и за жал често и најлошото, загубен член на семејството…

Од друга страна, сведоци сме на расипничко однесување и распределба на буџетските средства (пари од граѓаните) за: партиски вработувања, за непотребни репрезентации, за Новогодишни украсувања, за апетисани и бонбони, набавка на нови возила, небитни проекти… што уште повеќе револтира во овие тешки и загрижувачки моменти!!!

За да не биде вака, треба да се мисли кога се кројат новите Локални буџети, за поефикасно решавање на проблемите предизвикани од Пандемијата.
Државата и општините треба да се сконцентрираат многу повеќе во оваа насока, a новите буџети треба да овозможат:

-обезбедување бесплатни тестови за граѓаните

-поефтини и бесплатни лекови за најранливите категории

-финансиска поддршка на здравствените работници

-набавка на опрема и подобрување на условите во здравствените установи

-ангажирање на дополнителен здравствен персонал и волонтери

-создавање дополнителни капацитети и ковид центри

-фонд за помош на најранливите категории  погодени од пандемијата во смисла: социјална помош и помош во подмирување на трошоците за лекување во државните и приватните здравствени установи.

-издвојување средства од Буџетите за надминување на последиците предизвикани  од пандемијата во локалната економија и стопанство

Затоа, aлармантната состојба во која се наоѓаме наложува одговорен и сериозен  пристап во креирањето на буџетите, рационализирање и исклучување на непотребните трошоци… помош на здравјето на населението и локалната економија пред сè!!

ВНИМАВАЈТЕ- И ЗИМАТА И ПАНДЕМИЈАТА СЕ ПРЕД НАС!!!!

Пишува: Марјан Ристески

Latest News

СДСМ и Заев единствено ги бранат бугарските интереси

Тешко на Македонија ако дојде време сега СДСМ и Заев да ги бранат националните интереси, кога продадоа се. СДСМ и...

More Articles Like This