Kocтов: Cmpт нa фaшизmoт, cлoбoдa на нapoдот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократија е кога два волка и едно јагне гласаат што ќе имаат за вечера. Слобода е кога добро вооруженото јагне ќе им се спротивстави на желбата.
Бенџамин Франклин

И после 40 години од смртта на Јосип Броз Тито, внуците на бугарските наци-фашисти од времето на Втората светска војна и окупацијата на Македонија, имаат ноќни кошмари, од Тито и Сталин. Ајде, тоа е нивни проблем. Ама тоа што денес ЕУ им дозволи да ни оспорат јазик македонски, да ни ја присвојуваат историјата македонска и да ни асимилираат Македонци – во Бугари, тоа ги доведува во прашање и самите принципи на цивилизацијата и темелите на хуманизмот.

Денес, лето господово 2020то, месец ноември, ден вторник 17ти, Европската Унија допре политичко и дипломатско дно. Дозволи алчни потомци на бугарски фашисти, злоупотребувајќи ги нејзините принципи (во името на демократијата, слободата и човековите права), зад кои се затскриени национален екстремизам, шовинизам, национал-нихилизам и расизам, чија цел се асимилација и територијална експанзија кон Република Македонија и Македонците, да држат предавање, за демократија и хуманизам, да попуваат и морализираат за историја и нејзино фалсификување и да ликуваат што на МАКЕДОНИЗМОТ му ставиле вето. Прифаќајќи вето, унијата ги прифати дегенерираните бугарски облици за демократијата, историјата и културата. Дали тоа е одлука на “демократските“ инкарнации на духот на Фирерот, на духот на Дуче, на духот на цар Борис? Или пак е одлука на валкани исцедоци на една унија во распаѓање? – Не знам, не сум сигурен.
Ама сигурен сум дека тоа е невиден срам (човечки), за сите во Брисел, Берлин, Париз, Софија….
Исто така сигурен сум дека е брука (државничка), за големите европски играчи во политиката.
Повеќе од сигурен сум дека е најдолна беда (морална), на една сурова и нехумана политичка култура.
Ете, тоа е сето зло на вредносниот систем на ЕУ. Распаѓање на човечките вредности во Европа.
Понижувате држава Македонија, обесправувате македонски народ, и во ист ден му доделувате награда за човекови права – “Фридрих Еберт“, на човекот кој најмногу е виновен за ваквата понижувачка позиција на Македонија пред Бугарија и пред ЕУ.
Одвратно. Бизарно. Дегутантно. Морбидно. Формула на ЕУ за уништување на разумот.
Сите тие, а најмногу Б’лгарите, заговараат добрососедски односи и разговори за влез во ЕУ, преку крадење (присвојување) на македонскиот јазик и асимилирање на Македонците во Бугарија. Иииј, бре политици на 21от век! Што сорта бевте? Во име на европската хуманост ни ја сервирате сета ваша анималност.
И едно да знаете: бугарскиот окупаторски фашизам колку е историски непобитен факт, толку повеќе е и историска (голема) грешка. Вие, признале – не признале, тоа е така, и само така. Редно е, и крајно време е, едно нешто да научите: На вашиот фашизам, во вид на окупација на Македонија, сурови и нечовечни му беа и средствата и целите. А на комунизмот, кого не го вадите од уста и кого го практикувавте до последен здив, сурови и нечовечни му беа само средствата, а целите идеално замислени, хумани, ама утопистички. Добро, за тоа што ова и денес не можете да го разберете, вие не сте криви. Сета вина е на Сталинистичката чизма која ве газеше, ве газеше, ве газеше…. па сега имате церебрална катаракта и ги мешате поимите и работите. А, и ќе заборавев: Тито прв раскина со Сталин, кажувајќи му го историското “Не!“ во 1948та, а вие до последен момент, до 1990та, го виткавте р’бетот и покажувавте felacio способности и страсти за “советскиот братски сајуз“, за братот Сталин, за другарите Хрушчов, Брежњев….

Драги мои Македонци! Кога е во прашање нашата Македонија и ние во неа, ништо не е случајно, ниту пак инцидентно. Ни се случија првин Грците, еве сега и Бугарите, ама и ЕУропејците. Незнам дали и како функционира нивната сива материја во главите им, ама знам, сигурен сум, по блгарско-европејски тартип нашироко ја отворија вратата на балканскиот мега-етникум, кој води во етно-центризам, во етно-мегаломанија и во национални, етнички и државни конфликти.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This