November 28, 2020, 12:03 pm

Kocтов: Cmpт нa фaшизmoт, cлoбoдa на нapoдот

Поврзано

Оставка на Заев, слобода на народот: Пpoтecтот почнува во 12:30 часот од две места, завршува пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на...

(Фото) Bлaдaтa штo ja тpгнa oгpaдaтa, ceгa пocтaвyвa нoвa: Уштe oд yтpoвo пoлициja зa нajaвeниoт гpaѓaнcки пpoтecт

Уште од рано утрово се местат полициските огради пред зградата на Владата пред најавениот денешен протест. На „Илинденска“ може...

Седумдесет и шест годишен cтpyмичaнeц co бacтyн вo paкa ги мoтивиpa млaдитe дa дapyвaaт kpв

Седумдесет и шестгодишниот Панче Николов, кој досега дарувал крв над 120 пати, со бастунот во рака се уште ја...
- Advertisement -

Демократија е кога два волка и едно јагне гласаат што ќе имаат за вечера. Слобода е кога добро вооруженото јагне ќе им се спротивстави на желбата.
Бенџамин Франклин

И после 40 години од смртта на Јосип Броз Тито, внуците на бугарските наци-фашисти од времето на Втората светска војна и окупацијата на Македонија, имаат ноќни кошмари, од Тито и Сталин. Ајде, тоа е нивни проблем. Ама тоа што денес ЕУ им дозволи да ни оспорат јазик македонски, да ни ја присвојуваат историјата македонска и да ни асимилираат Македонци – во Бугари, тоа ги доведува во прашање и самите принципи на цивилизацијата и темелите на хуманизмот.

Денес, лето господово 2020то, месец ноември, ден вторник 17ти, Европската Унија допре политичко и дипломатско дно. Дозволи алчни потомци на бугарски фашисти, злоупотребувајќи ги нејзините принципи (во името на демократијата, слободата и човековите права), зад кои се затскриени национален екстремизам, шовинизам, национал-нихилизам и расизам, чија цел се асимилација и територијална експанзија кон Република Македонија и Македонците, да држат предавање, за демократија и хуманизам, да попуваат и морализираат за историја и нејзино фалсификување и да ликуваат што на МАКЕДОНИЗМОТ му ставиле вето. Прифаќајќи вето, унијата ги прифати дегенерираните бугарски облици за демократијата, историјата и културата. Дали тоа е одлука на “демократските“ инкарнации на духот на Фирерот, на духот на Дуче, на духот на цар Борис? Или пак е одлука на валкани исцедоци на една унија во распаѓање? – Не знам, не сум сигурен.
Ама сигурен сум дека тоа е невиден срам (човечки), за сите во Брисел, Берлин, Париз, Софија….
Исто така сигурен сум дека е брука (државничка), за големите европски играчи во политиката.
Повеќе од сигурен сум дека е најдолна беда (морална), на една сурова и нехумана политичка култура.
Ете, тоа е сето зло на вредносниот систем на ЕУ. Распаѓање на човечките вредности во Европа.
Понижувате држава Македонија, обесправувате македонски народ, и во ист ден му доделувате награда за човекови права – “Фридрих Еберт“, на човекот кој најмногу е виновен за ваквата понижувачка позиција на Македонија пред Бугарија и пред ЕУ.
Одвратно. Бизарно. Дегутантно. Морбидно. Формула на ЕУ за уништување на разумот.
Сите тие, а најмногу Б’лгарите, заговараат добрососедски односи и разговори за влез во ЕУ, преку крадење (присвојување) на македонскиот јазик и асимилирање на Македонците во Бугарија. Иииј, бре политици на 21от век! Што сорта бевте? Во име на европската хуманост ни ја сервирате сета ваша анималност.
И едно да знаете: бугарскиот окупаторски фашизам колку е историски непобитен факт, толку повеќе е и историска (голема) грешка. Вие, признале – не признале, тоа е така, и само така. Редно е, и крајно време е, едно нешто да научите: На вашиот фашизам, во вид на окупација на Македонија, сурови и нечовечни му беа и средствата и целите. А на комунизмот, кого не го вадите од уста и кого го практикувавте до последен здив, сурови и нечовечни му беа само средствата, а целите идеално замислени, хумани, ама утопистички. Добро, за тоа што ова и денес не можете да го разберете, вие не сте криви. Сета вина е на Сталинистичката чизма која ве газеше, ве газеше, ве газеше…. па сега имате церебрална катаракта и ги мешате поимите и работите. А, и ќе заборавев: Тито прв раскина со Сталин, кажувајќи му го историското “Не!“ во 1948та, а вие до последен момент, до 1990та, го виткавте р’бетот и покажувавте felacio способности и страсти за “советскиот братски сајуз“, за братот Сталин, за другарите Хрушчов, Брежњев….

Драги мои Македонци! Кога е во прашање нашата Македонија и ние во неа, ништо не е случајно, ниту пак инцидентно. Ни се случија првин Грците, еве сега и Бугарите, ама и ЕУропејците. Незнам дали и како функционира нивната сива материја во главите им, ама знам, сигурен сум, по блгарско-европејски тартип нашироко ја отворија вратата на балканскиот мега-етникум, кој води во етно-центризам, во етно-мегаломанија и во национални, етнички и државни конфликти.

Сотир Костов

Latest News

Bo здpyжeнa пoлициcкa akциja вo Цeнтpaлнa Амepикa yaпceни нaд 700 kpиминaлци

Полициите на Салвадор, Гватемала и Хондурас, со помош на американските безбедносни служби, уапсија повеќе од 700 членови на меѓународни...

Вpхoвниoт вepcки лидep вeти oдmaздa зa y6иcтвoтo нa Фахризадех

Иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска дека Иран ќе се одмазди за убиството на научникот, Мохсен Фахризадех, шеф на иранската програма...

Германиија нajaви дeкa pecтpиктивнитe мepки мoжe дa тpaaт и дo пpoлeт cлeднaтa гoдинa

Германските власти најавуваат дека рестриктивните мерки кои претставуваат делумен „локдаун“ можеби ќе треба да се продолжуваат до пролетта 2021 година ако не се стави...

Оставка на Заев, слобода на народот: Пpoтecтот почнува во 12:30 часот од две места, завршува пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот...

(Фото) Bлaдaтa штo ja тpгнa oгpaдaтa, ceгa пocтaвyвa нoвa: Уштe oд yтpoвo пoлициja зa нajaвeниoт гpaѓaнcки пpoтecт

Уште од рано утрово се местат полициските огради пред зградата на Владата пред најавениот денешен протест. На „Илинденска“ може да се забележат голем број...

More Articles Like This