KOHTE: Дополнителни 25 милијарди од буџетот за италијанската економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италијанската Влада усвои пакет мерки за помош на економијата во висина од 25 милијарди евра, со цел да ги ублажи негативните влијаниа од епидемијата со новиот коронавирус.

Според италијанскиот премиер Џузепе Конте, средствата ќе бидат наменети за самовработените лица и за загрозените семејства. Исто така предвидени се најмалку 10 милијарди евра за помош за исплаќање на плати. Додека јавното здраваство ќе добие повеќе милијарди помош.

Конте посочи дека дури и новиот пакет мерки нема да биде доволен и оти треба да се пронајдат нови средства.

Во Италија речиси 2.000 лица починаа од новиот коронавирус. Од друга страна, Италија е земја-членка на Европска Унија со голем јавен долг. Европска комисија повеќе пати ја критикуваше Италија поради дефицитот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This