Koj го пoceтyва Caшо Миjaлкoв вo keлиjaта во Шyткa?

Поврзано

Груевски најави нова фабрика на Кемет Електроникс во Македонија

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ...

Ќe имa и kpивички приjaви пpoтив бетонизациjaтa нa цeнтpaлното гpaдcко подpaчје

Бетонизацијата на Скопје, надвор од пропис и надвор од јавниот интерес за загадувањето и екологијата на градот ја одобрија...

Пayновски држи до интегритетот: И пo цена да сум paзpeшен, нema да ги прифатам сите 35 „рамковни“ во Инспектopaтот

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски вели дека нема да попушти, околу вработувањата на рамковните административци во неговата...
- Advertisement -

Екс директорот на УБК беше осуден на 12 годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушкување во Македонија и експресно испратен во затворски притвор откако ја крена целата македонска јавност на нозе со неговот бегство минатата недела.

Како што претходно споменавме, Мијалков од минатиот петок се наоѓа во истражниот затвор во Шутка.

Посета на притвореник е дозволена само по одобрение на судијата на претходната постапка во текот на истражна постапка и по негов надзор или под надзор на лице кое тој ќе го определи, притвореникот, во границите на куќниот ред, можат да го посетуваат блиски роднини, а по негово барање -лекар и други лица и истата се врши во посебна просторија, а не во келијата.

Сепак овие правиле не важат за екс директорот на УБК, Сашо Мијалков кој на 28.02.2021 во неделата и покрај најстрогите законски забрани имал посета во неговата келија.

Мијалков добил посета од двајца вработени внатре во Шутка, високо рангирани во структурите на затворот. Едниот кој го посетол е С.К. возач на директорот на затворот, а вториот е Б.К. командира во униформа во затворот.

Она што е клучно е што ниту еден од двајцата не сметаат да прават посети на притвореник, односно тоа е најстрого забрането со Закон.

Како што претхоно потенциравме посетите мора да ги одобри судот, по претходно барање на притворениот, а истото да биде одобрено и од командирот и од директорот на затворот. Такво одобрени во конкретниот случај нема.

Она што е клучно е што и двајцата се снимени на затвореските камери како влегуваат во келијата на Сашо Мијалков.

Претходно го слушнавме премиерот како лично тој раководел со наводната акција за обезбедување на бегалецот Сашо Мијалков, а постојата и сомнежи за директна комуникација во тие клучни моменти помеѓу Заев и Мијалков.

Слушнавме во разговорот кој беше објавен од новинарот Зоран Божиновски како 3аев можел да се договори со Мијалков бидејќи тој бил деловен човек и селективно ги објавувал бомбите за да го заштити екс директорот на УБК.

И Бојан Јовановски посочи во судот во завршните зборови за случајот „Рекет“ на соработка на Заев и Сашо Мијалков која тој ја поврзува со уништувањето на СЈО и некаков договор помеѓу двајцата кога се менуваше името на државата.

И самиот Заев посочи дека Мијалков ги координирал осумтемина пратеници кои гласаа за Северна во македонското Собрание и јавно му се заблагодари. А Сашо Мијалков по своето појавување од бегство му се извини директно на премиерот.

Се поставува прашањето дали Зоран Заев и Сашо Мијалков и понатаму се во комуникација откако тој се наоѓа во притвор во Шутка, односно дали и понатаму премиерот е во координација со овој како што вели самиот „деловен човек“ овој пат преку посредници?

Latest News

Груевски најави нова фабрика на Кемет Електроникс во Македонија

Деновиве, се очекува Кемет Електроникс кои веќе 7-8 години имаат фабрика за електронски компоненти во автомобилската индустрија во ТИРЗ...

More Articles Like This