Koj сака да ги pacипе однocите помeѓy EУ и Русија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеби Русија и ЕУ не се во добри односи , но и двете страни се трудат да ги подобрат истите, безразлика на различните ставови.- изјави пратеник на Унијата.

“ Верувам дека немаме друга опција, и Русија и ЕУ, освен да се потрудиме да ги вратиме односите во нормала “ -вели Владимир Чежов постојан претставник на Москва во Европската Унија.

Рускиот дипломат ги искоментира последните антируски санкции наметнати од страна на ЕУ во соработка со Вашингтон. Ограничувањата би требало да бидат одговор на Западот за наводното труење од минатата година и неодамнешното гонење на опозициската фигура Алексеј Навални, на кого му беше изречена затворска казна поради прекршување на правилата на неговата условна казна.

Европската Унија ја формулира својата надворешна политика врз основа на консензус, па затоа не е ни чудо што резултатот е “ најмал заеднички именител” под влијание на оние членки кои се повеќе се непријателски расположени кон Москва. – рече Чижов.

Ова е согледано и прифатено од одредени земји-членки кои имаат исти став како и Русија и бараат решение за да го поправат сегашните проблеми. Ова не е очигледно само во казнените мерки туку е и во односот кон вториот гасовод на Норд Стрим , за кој Германија смета дека е од витално значење за нејзините економски интереси за кој Полска ги етикетира како закана за европската енергетска безбедност следејки ги стапките на Вашингтон.

Овој проект му претходи на Норд Стрим , со што ЕУ го сметаше како проект од заеднички интереси, за разлика од вториот гасовод. Промената има малку смисла, кажа Чежов, и едниот и другиот имаат иста цел, да им овозможат енергетска безбедност на земјите –членки на Европската Унија.

Освен местоположба европските земји и Русија делат многу повеќе, како што се врските меѓу луѓето и геополитичките интереси, така што и двете страни би имале корист доколку се подобрат односите, констатира рускиот дипломат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This