May 16, 2021, 9:28 am

Koj e следен од скопското крило на CДCM?

Поврзано

- Advertisement -

Можен раскол меѓу неколкуте партиски крила може да предизвика најновата промена во највисокото раководство на владејачката партија. По долги години во врвот на СДСМ, од раководните позиции се повлекува заменик претседателката Радмила Шекеринска, која долги години беше прв соработник на Заев, но и на поранешниот партиски шеф Бранко Црвенковски, а своевремено беше и лидер на партијата. Одлуката на Шекеринска да се повлече, доаѓа само неколку месеци, по она писмо од основачот на партијата, каде тој го замрзна членството во СДСМ и побара одговорност од Заев поради погрешните политики. Според познавачите повлекувањето на Шекеринска, може да биде само почеток на бранот, во кој од раководните места во партијата би се повлекле или би биле сменети, и други ликови познати од популарното скопско крило на социјалдемократите. Според универзитетскиот професор Владимир Божиновски, по конгресот во мај јасно е дека целата контрола во СДСМ ќе ја има Заев.

-Јасно е дека после конгресот целосната контрола на партијата ќе биде во рацете на Заев и на тој начин на клучните места во партијата ќе си постави свои луѓе од доверба. И може да се очекуваат смени кај луѓе што не уживаат доверба во него и оние луѓе кои што условно кажано беа поблиски со Шекеринска и она скопско крило на партијата, вели Божиновски.

За нетрпеливоста меѓу скопското и другите крила во партијата блиски до Заев се говори подолго време. Тоа неколку пати можеше да се види и од реториката на поранешната шефица на скопскиот огранок на СДСМ, Софија Куновска. Дека партијата е во најлоша состојба таа пишува и во честитката за 30-от партиски роденден.

-За жал денес СДСМ иако партија на власт, ги живее најнеславните денови од своето постоење. Разочарувањето е огромно и кај граѓаните, но и во редовите на самата партија. Идеолошки обезличена, приватизирана, без однос кон своето минато и величините кои ги поставија темелите на партијата но и на државата, со желба дури да се смени и датумот за роденденот од 20 во 21 април, пораката е загрижувачка, пишува на Фејсук Куновска.

Според Божиновски некои видливи проблеми во партијата додека ја држи власта не треба да се очекуваат, но евентуален пораз на локалните избори на есен, може да промени се.

-Во случај да ги загубат претстојните локални избори и со тоа на некој начин да се отвори патот кон нови парламентарни избори. Тогаш веќе може да се очекуваат и посериозни турбуленции. Можеби и затоа сега Заев сака да си ја осигура позицијата во СДСМ за следните четири години, вели Божиновски.

Инаку, Шекеринска не е прв висок партиски функционер од тоа познато скопско крило кој заминува од висока партиска позиција, претходно тоа го стори и Дамјан Манчевски, кој важеше за доста близок до министерката за одбрана.

Извор: Alfa

Latest News

Дневен xopockoп за 16. мај 2021 година

Дневен хороскоп за недела, 16. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го...

More Articles Like This