KOMПPOMИТИPAHA ЕДИНИЦАТА „ВОЛЦИ“: Партиските cплeтки на Пендаровски и Шеќеринска во АРМ ја нaмaлyвaaт бopбeнaтa гoтoвнocт на вojcкaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред отприлика две недели, претседателот и врховен командант Пендаровски ја потпишал новата организациско-формациска структура и персоналната формација на АРМ. Оваа структура произлезе од стратегискиот одбрамбен преглед со кој министерката Шеќеринска се пофали дека е правен согласно НАТО потребите

За волја на вистината, сите подобро упатени во проблематиката знаат дека СОП (Стратегиско-одбрамбен преглед) е промашување и е направен нестручно од страна на тимот на Шеkеринска и Мирослав Стојановски.

За промашувањата во СОП во јавноста веќе излегоа текстови и анализи на врвни експерти кои никој во Министерството за Одбрана не ги зема во предвид. Според истите тие експерти, се работи за чиста суета на министерката Шеќеринска која не сака да признае дека нејзиниот тим не одработил.

Ароганцијата на Радмила оди до таму што наместо да ги казни, за 18 август минатата година парично си ги награди неспособните.

Со тазе потпишаната формација, како дополнителна награда на партискиот кадар Симеон Трајковски (покрај парично и школување во Рим), Шеќеринска, надвор од сите НАТО стандарди, му предложила а Стево Пендаровски прифатил и потпишал да му го зголеми местото на Трајковски и од полковник да стане бригаден генерал. Ваква партизација и башибозук досега е невиден во АРМ, а коментарите во високите кругови на АРМ се дека Симеон не е во состојба да ги исполни физичките и други видови проверки долго време, но никој не сака да и опонира на Шеќеринска.

Началникот Ѓурчиновски веројатно нема став по ова прашање со оглед на тоа што речиси е невозможно со него да се стапи во контакт, а Пендаровски изгледа на нем извршител и послушник на желбите на Шекеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This