December 5, 2021, 9:44 am

Kopoнaтa си го направи свoeтo..: За една гoдинa вo Македонија 10.000 нoви лицa cтaнaлe coциjaлни cлyчaи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нови 10.000 семејства станаa корисници на социјална помош за една година. Корона кризата удри по најсирмашните. Статистика објави дека лани 32.345 домаќинства биле корисници на социјална помош. Во 2019-та оваа бројка беше за 44% пониска, или статистиката изброи скоро 22.500 социјалци. Овие лица живеат со максимум 12,000 денари, ако станува збор за 4 члено семејство со едно работонеспособно лице.

Според министерството за труд и социјална политика сумата за еден член корисник на помош изнесува 4,000 денари, а за секој нареден се зголемува. Најчесто корисници се семејствата со 2 возразни и 2 деца, кои можат да добијат помош од 10.600 денари од држава, пренесува Сител.

Според истражувањето на Фајнанс Тинк, пандемијата најсилно ги погоди најмалку платените работници. Од нив, 7 илјади останаа без работа и тоа најмногу лицата кои работеле во домот на работодавачот, како негувателки на деца.

Нивниот доход им се намалил за 90% во споредба со заработката пред пандемијата. Сите биле без договор за вработување, токму формализацијата на работното место ќе биде приоритет за Синдикаторт и работодавачите.

Од Фајнанс Тинк бараат државата во новиот предлог закон за работни односи, кој веќе се подготвува, да се вметне регулаторна забрана ваквите договори да се продолжуваат бесконечно, но и да се воспостави механизам непријавените да влезат во системот. Сметаат дека на овој начин значително ќе се намалат бројот на социјалци и сиромашни во државата.

Latest News

(Видео) Турција на нозе: Спречен атентат врз турскиот претседател Ердоган

Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за напад врз претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија некои турски медиуми. Според извештаите, експлозивна...

More Articles Like This