Kopoна вируcoт во Тиквешијата не стивнува, две третини од позитивните не знаат од каде се заразиле

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Корона вирусот во Тиквешијата зема замав и секојдневно се регистирираат нови позитивни пациенти во изминатите три недели. Денес, до овој момент во Кавадарци се регистрирани шест лица, на возраст од 38 до 63 години, а пак во Неготино позитивен е маж на возраст од 60 години.

-Жената на возраст од 63 години од Кавадарци со одредени симптоми е сместена на болничко лекување во Велес, додека останатите пациенти се со лесна клиничка слика, на домашно лекување. По еден новорегистриран пациент во Кавадарци уште се трага, не се јавува на мобилниот телефон, во вакви случаи ја вклучуваме и полицијата. Не е прв пат да не можеме да ги најдеме позитивните пациенти, па затоа апелираме на сериозност. Од новите случаи во Кавадарци, само две лица имале контакт со веќе позитивен пациент. Останатите изјавуваат дека не знаат од каде се инфицирале, со што уште повеќе се отежнува нашата работа – велат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во Неготино пак, новорегистрираниот пациент се тестирал поради пројавени симптоми, и исто така навел дека не знае од каде се инфицирал. Речиси две третини од позитивните пациенти во Тиквешијата тврдат дека не знаат каде и како се инфицирале, потенцирале дека немале многу контакти, дека не се дружеле и не шетале.

Со овие пациенти, во Кавадарци бројот на активни случаи се искачи на 88, а во Неготино на 12.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This