Kopoнaтa нe cтивнyвa: Peкopдeн бpoj нoвoзa6oлeни, хocпитaлизиpaни и пoчинaти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте бројот на новозаболени од Ковид-19, на хоспитализирани и на починати. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 1320 случаи со Ковид-19, 50 починати, 457 оздравени пациенти.

На инфективните оддели во земјава се лекуваат вкупниот 1720 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 686 се во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 132740, бројот на оздравени пациенти е 108197, а на починати е 3860. Вкупниот број активни случаи изнесува 20683 од кои 10281 се во Скопје.

Вкупно вакцинирани се 8398 здравствени работници и граѓани на возраст над 77 години, а пријавени за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk се 123300 граѓани.

Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш апелираше сите граѓани да се вакцинираат против Ковид-19. Ова е, рече, важна работа зашто само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје и ќе ја победиме пандемијата.

Досега, истакна Заев, вакцинацијата тече со предвидената динамика, но, како што бил информиран од министерот Филипче, 20 отсто од пријавените повозрасни граѓани не се јавиле на пунктовите.

Премиерот ја соопшти и динамиката на пристигнување на останатите количини вакцини во април и мај.

-Според последниот допис што го имаме, до крајот на април ќе стигнат 200000, сите како цела количина. Нема да стигаат како другите со по три, осум, 20 или како се најавени. Јас уште еднаш да кажам дека почна вториот квартал, а во вториот квартал еве и „Фајзер” ги најави 80000 вакцини дека ќе стигнат. Тие ќе бидат поделени на седмици или на десетина дена како што ќе дојдат. Овој месец ќе стигнат вакцините од ЕУ. Од 651000 за Западен Балкан, некаде околу 100000 се за нас и ги очекуваме првите 20000 или 25000 да стигнат во април, па понатаму очекуваме на секои 15 дена да стигаат. Спутниковите следни количини ги очекуваме исто така во април да стигнат. Уште една количина до 100800 вакцини очекуваме да ни стигнат од Ковакс механизмот. Стигнаа 24000, значи 76800 ги очекуваме до крајот на арпил месец. Сите овие 78100 голем дел веќе се нормално искористени кај нашите здравствени работници кои досега беа вакцинирани. Сите овие вакцини ни даваат право да веруваме за комплетниот континуитет, рече Заев.

Тој потсети дека салата „Борис Трајковски” во Скопје веќе се подготвува за масовна вакцинација.

– Она што изненадува и не боли е што пријавените сите, односно тие што се над 75, 77 години се хронично болни, 20 отсто не се јавија на пунктовите. Апелирам да се јават сите, да ја примат вакцината, ова е важна работа, само на тој начин ќе го заштитиме нашето здравје, само на тој начин ќе ја победиме пандемијата, истакна премиерот.

Министерот за здравство Венко Филипче уште еднаш повтори дека засега нема потреба од воведување дополнителни рестриктивни мерки поради Ковид-панедмијата. Според него, нема знаци дека има ризик од некаков експлозивен раст што би било знак дека треба да се воведат такви мерки.

Сепак, предупреди, здравствениот систем е под огромен притисок каков што не бил никогаш во историјата. Се соочуваме со пикот и со досега најсилниот бран, но тоа е нешто што се случува буквално во сите околни земји, во цела средна Европа, па и во останатите земји на северната полутопка.

Филипче апелира граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, нагласувајќи дека сега ситуацијата е исклучително ризична и критична.

-Имаме балансирани мерки. Тоа значи дека има рестрикција во движењето затоа што дететктиравме дека по затворањето на угостителските објекти, многу млади се собираа по отворени површини и тука воопшто не се почитуваа превентивните мерки. Имаме важечки рестриктивни мерки насекаде, за сите објекти, сали и собири и угостителските објекти и не сме виделе никаде проблем каде превентивните мерки се почитувааат. Секогаш е проблемот кога не се почитуваат мерките, посочи Филипче.

Според него, во однос на дополнителните рестрикции, земјава ги следела примерите од другите земји.

-Видовме и многу потешка рестрикција едноставно не даде резултат. Напротив, многу земји се соочија со уште посилен бран од тоа што се соочуваме ние. Очигледно дека локалната трансмисија го прави своето. Дури и евентуално некоја дополнителна мерка како дополнителна рестрикција по примерот на другите земји, видовме дека не даде никаков ефект. А како го гледаме резултатот од тоа што ние што го препорачавме во смисла да нема експоненцијален раст на бројот новозаразени што би значело огромен притисок кон болниците што не би можеле да го издржиме, а тоа ние го немаме со дополнителна преадаптација на кревети, рече Филипче.

Потенцира дека благодарение на брзата прераспределба и брзата реорганизација на системот на ротација, здравствените работници добро го амортизираат сегашниот Ковид-удар и додаде дека ниту еден пациент не е оставен без соодветна болничка заштита

Тој смета дека бројката на вакцинирани граѓани во текот на следните денови ќе биде се поголема.

Им порача на сите граѓани да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, бидејќи, како што рече, сега ситуацијата е многу ризична и критична, но и да се вакцинираат за имунизацијата да биде што помасовна.

-Комисијата за заразни болести ќе одлучи дали ќе има нови мерки за време на претстојните верски празници, истакна Филипче.

Тој рече дека ќе се чека официјалниот став на Европската агенција за лекови (ЕМА), за „Астра Зенека”, а во меѓувреме продолжува вакцинацијата на постарите групи граѓани со оваа вакцина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This