KOPOHABИРУСОТ ЈА PACПАДНА УНИЈАТА: Министрите се “скapaа” и го напуштиja состанокот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иднината на ЕУ е во опасност ако не се пронајде заеднички финансиски одговор во борбата против коронавирусот, предупредија денес од Шпанија, откако европските министри за финансии не успеаа да се договорат за издавање на заеднички обврзници.

Портпаролката на шпанската влада изјави дека Европјаните ќе започнат да губат доверба во ЕУ ако земјите-членки не дејствуваат во оваа криза, која ја спореди со Втора светска војна, пренесува Ројтерс.

Загрижувачки е тоа што министрите за финансии на 19 држави, кои имаат валута евро, по 16 часа преговори, ништо не се договорија. Прашањата како: “како да се совладаат економските последици на корона-кризата и како би можело сето тоа заеднички да се финансира”, остануваат нерешени.

Девет држави биле за задржување на европско ниво, а четири, меѓу кои и Германија, против тоа. При тоа може да се забележи дека се работи за гол економски опстанок. Поразлична е ситуацијата од пред пет години, со должничката криза во Грција, која од сегашна перспектива делува скромно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This