KOPOHATA А КАКО БИОЛОШКИ TEPOPИЗAM: Македонија нeмa cтpaтeгија за справување со биoлoшkи зakaни

  • March 13, 2020
  • Коментари

Биолошката безбедност вклучува превземање активности за борба против биолошки закани, намалување на безбедносни ризици, како и подготвителни активности за препознавање, справување и опоравување од биолошки инциденти, вели професорот по безбедност Александар Нацев кој на својот ФБ профил ја анализира подготвеноста на државите, но и на Република Македонија за справување со вакви кризни ситуации


 

Според Нацев, биолошката безбедност претставува и сет на мерки кои одат во насока на обезбедување на сигурност на граѓаните и од биолошки тероризам преку контролорање на пролиферацијата (проширувањето, дистрибуцијата) на ваквите биолошки агенси.

 

Некои од активностите кои се превземаат се: набљудување на националната, регионалната и глобалната состојба во доменот на биолошката безбедност, подигнување на општествената свесност и култура на превенција за биолошки инциденти, контрола на производството и пролиферацијата на биолошко оружје, контра-терористички активности, здравствено планирање, подготвеност и развој на медицински контрамерки и слично. За да се превземаат синхронизирано сите овие активности и да се осигура дека националната безбедност на една држава е подготвена за инциденти од биолошка природа, потребно е државните органи да развијат национална стратегија за биолошка безбедност, во која прецизно ќе се направи делинеација на улогите и обврските на секој државен орган, но и на приватните компании (примарно оние кои се занимаваат со здравствени услуги, но и сите оние кои во случај на биолошки инциденти би биле ангажирани) и секако оваа стратегија мора да ја опфаќа и целокупната јавност и да дава насоки за постапување на граѓаните.

Професорот по безбедност, во својата кратка анализа со жалење констатира дека Република Македонија е земја која нема план и стратегија за биолошка безбедност, па како примери ги наведува стратегиите на САД и Обединетото Кралство со апел и Македонија оваа ситуација да ја земе како пример за формирање на една ваква стратегија.

Многу мал број од државите кои се погодени од корона вирусот, во својот национален безбедносен систем, во арсеналот на стратешки безбедносни и одбранбени документи, имаат план или стратегија која се однесува на биолошки закани, кои може да бидат последица на напад со биолошко оружје или на природни непогоди, но и на пандемии од светски размери. „Националната стратегија за биолошка одбрана на САД“, но и „Стратегијата за биолошка безбедност“ на Обединетото Кралство за два одлични примери за навремено предвидување на потенцијални безбедносни закани, во кои точно се идентификувани активностите, надлежностите и очекуваните постапки на сите општествени чинители. Нека моменталната состојба со корона вирусот биде предупредување и поттик за безбедносните авторитети во Република Македонија да почнат посериозно да се занимаваат со биолошката безбедност и навремено препознавање и справување со биолошки инциденти.

Претходно «
Следно »