Kopyпција и партизацијата во cудството: Со оваа власт случаите застаруваат, „обичниот“ граѓанин e кaзнуван, а на моќниците им се простува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Моментално говориме за извештајот за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2019 година. Жално е што толку се доцни со носењето на овој извештај, но тука зборуваме за област за која најмногу сме критикувани од сите меѓународни релевантни фактори, истакна Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската говорница.

Во продолжение интегрален текст од неговиот говор:

-Меѓународната заедница која врши еден вид објективен преглед нотира дека имаме сериозен проблем со функционирање на судството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба во јавноста, тоа го констатира и Стејт депарментот во најновиот извештај за Македонија, а сите добро знаеме дека една од главните причините поради тоа е партизираниот судски совет и партиското влијание, а сега да видиме зошто е тоа така:

-Зоран Заев заедно со СДС го уништи судскиот систем во Македонија.
Со оваа власт случаите застаруваат, „обичниот“ граѓанин ќе биде казнуван, а на моќниците ќе им се простува, продолжува да цвета корупцијата, непотизмот и партизацијата во судството.
Сведоци за тоа се граѓаните кои секојдневно гледаат дека со државата управува мафија. А, на мафијата им се потребни послушни судии кои што ќе пресудуваат во нивна корист.
– Заев, кој е на чело на мафијата веќе 6-7 години во секое свое обраќање зборува за ветинг во судството и владеење на правото. Мислам дека тоа се неколку флоскули кои скапите ПР куќи го подучиле дека треба да ги кажува. Ни ветинг, ни владеење на правото има во Македонија, има трас – трас судство, барање провизии, непостапување по предмети во судот, Кацарска судство и Рускоска обвинителство, има барање провизии, непостапување по предмети на судот и партизација во судството.
▪️Што се однесува до судскиот совет и нивната транспарентност во 2019-та, само отворете ја нивната веб – страна и ќе забележите дека нема:
◾ Релевантна статистика за судството
◾ Анализи
◾ Одлуки по повторени постапки за одговоснот на судија (по пресуди од ЕСЧП)
◾ Објава на биографии на кандидати за избор на член на Судски совет , што дирекно говори за нетранспарентноста на судксиот совет.
-Со најновите законски измени кои што беа донесени, судија може да биде упатен во друг суд само еднаш во 5 години. Со упатувањата во периодот на 2019 година, Судскиот совет повторно упати исти судии кои веќе биле упатени да судат во друг суд, иако новиот закон е во важење. Тоа значи дека за судскиот совет новиот Закон за судски совет е мртво слово на хартија.
Понатаму, дел од албанските медиуми пред неколку месеци пишуваа за скандалот поврзан со претседателот на Судскиот совет каде што дозволи еден од кандидатите за претседател на Врховниот суд да преполага тест за интегритет, затоа што најверојатно претходно паднал на истиот. Дел од албанските портали исто така пишуваа дека двајца од тројца кандидати за претседател на Врховниот суд сѐ уште не направиле психолошки тест за интегритет и затоа интервјуата на кандидатите сѐ уште не се започнати.
– Исто така, Судскиот совет ја награди Кацарска за тоа што го ослободи Заев и за тоа што досуди драконски казни во политички процес за настаните од 27-ми април.
– Таму луѓе лежат во затвор поради исказ на сведок кој според стручните вештаци дал лажен исказ.
Од друга страна Заев ги награди тие кои што ја водеа оваа хајка, па така судијката Добрила Кацарска стана нов Уставен судија со амин на ова Собрание.
Ако се земе предвид дека Заев лично како премиер праќал пораки до неговиот советник и Башановиќ кому му ја исполнува желбата обвинетата во Меѓународниот сојуз Мандиќ да не ѝ биде доделен притвор, притоа директно влијаејќи на обвинителите и судиите од предметот, ако се има во предвид дека Заев јавно на аудио снимките се фалеше дека носел трас-трас одлуки селективно да паднат случаи од обвинителството, па потоа му се случи Рекет каде е вмешан целиот државен врв, и каде главниот осуден посочи дека парите завршиле кај Зоран и Вице Заев, може само да се замисли каква монструозност, конструкции и политички нарачки на судски пресуди врши премиерот.
– Зоран Заев е директно одговорен што после 4 години правдата останува недостижна за обичниот граѓанин. После 4 години тој се откажа од неговиот ветинг, затоа што истите Сваровски и трас-трас судии станаа негови најверни слуги.
Би сакал и да прашам, на кој начин се станува член на Судски совет?
– По сѐ изгледа познавањето на правото не е главна причина, во судскиот совет во моментов членови се партиски активисти на СДСМ.
-Секако, предност е ако кандидатите се од Струмица и во блиски релации со Заев.
Со вакви кадри нема подобро судство!
За Судскиот совет на Република Македонија беше потребно подолго од една година да избере шест судии на Апелацискиот суд Скопје, најверојатно чекајќи го политичкиот дил помеѓу партнерите во власта.
– Во сите извештаи стои дека судството е еден од најгорливите проблеми во Македонија, со вас нема подобрување на состојбата во судството, ја девалвиравте судската фела, се носат пресуди на Бихаќка, судиите се тресат пред адвокатите на Заев, цела држава знае доколку се појави некој од адвокатите на Заев каква ќе биде пресудата!
Всушност и премиерот неколку пати на телевизија однапред ги знаеше судските пресуди најавувајќи кој ќе биде виновен, а кој не.
Како на мафијашки филмови, Заев со неговите адвокати носат пресуди во Македонија.
Заев го отвори судството како пупка, си вработи свои пајташи, послушните судии ги награди со високи позиции. Судиите според судскиот совет по се изгледа се делат на подобни за СДСМ и ДУИ и неподбни за СДСМ и ДУИ.
Во Македонија судот е алатка на Заев, судскиот Совет не реагира на злоупотребите, се надевам дека ќе се охрабрите, ако не сега после падот на оваа криминална коалиција СДСМ-ДУИ и конечно во Македонија ќе има владеење на правото и ќе има одговорност за целата оваа хаварија која ни се случува во судскиот систем.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This