Kpитичнo во Индиja – Bо eдeн дeн peгиcтpиpaни peкоpдни 65 илjaди нoвoинфициpaни со Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Индиското Министерство за здравство во саботата информираше дека најмалку 65.002 лица биле позитивно тестирани за Ковид-19 во текот на изминатиот ден, при што вкупниот број на инфекции во земјата достигна 2.526.198.

Министерството истовремено извести дека вкупниот број на жртви се зголемил на 49.036, откако здравствените власти регистрирале 996 нови смртни случаи поврзани со вирусот во истиот период. Во исто време, бројот на оздравени од болеста достигна вкупно 1.808.936, што се зголеми за 57.381 во последните 24 часа.

Соединетите држави, Бразил и Индија остануваат државите најпогодени од пандемијата, додавајќи десетици илјади нови позитивни случаи со секој нов ден.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This