October 19, 2021, 3:25 pm

Kpвaвa пpecтpeлka во Арачиново, игpaле и aвтoмати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нерасчистени сметки и неплатени долгови се причина за вооружена престрелка која се случила рано утринава во 02.00 часот во Арачиново откако две лица од с.Страчинци отвориле оган од пиштол кон Бурим Ајети (36) од Арачиново.

Во престрелката повредени биле уште две лица еден од Арачиново и еден од с.Страчинци.

Од МВР ја потврдија информацијата.

– На 16.06.2021 во СВР Скопје од полициски службеници во полициска станица биле приведени М.А, М.С.(35) од с.Страчинци и Н.Џ.(27) од с.Арачиново, постапувајќи по пријава според која околу 02.00 часот, по претходна расправија, во с.Арачиново, скопско, М.А.(31) од с.Страчинци, скопско, испукал од огнено оружје и го повредил Б.А.(36) од с.Арачиново, скопско, поради долг што го имал Б.А. кон него.

Подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза” со повреди од огнено оружје се пријавил М.А., додека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреди од огнено оружје бил донесен Б.А.. Во истата болница со повреди од огнено оружје бил донесен и Ф.Н., кој пред полициските службеници изјавил дека се повредил во сообраќајна незгода, по што заминал без да му биде утврден карактерот на повредите. Во врска со случајот, од местото биле подигнати чаури од пиштол и две патнички возила. Се преземаат мерки за комплетно расчистување на случајот по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Зголемениот криминалитет и се почестите пресметки на улиците во главниот град се должи на се помалата ефикасност на МВР, вели за Инфомакс професорот по безбедност Александар Нацев.

– Последниве случувања во однос на пресметките помеѓу организирани криминални групи земаат се поголем замав низ главниот град, при што е евидентно дека доаѓа до се поголем број на жртви и се поголема смелост на напаѓачите. Смелоста на напаѓачите се должи на слабиот успех на МВР во расчистувања на ваквите криминални дела и генерално за неказнивоста во Македонија во последните 4 години, вели деканот на факултетот за безбедност при Европскиот универзитет, Александар Нацев за Инфомакс.

Latest News

Владата усвои нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Владата на денешната редовна 113-та седница, усвои измени и дополнувања на ковид протоколите за работата на угостителските објекти (кафетерии...

More Articles Like This