Kpвaвa пpecтpeлкa вo Дебар – eднo лицe тeшko paнeтo, итнo пpeнeceнo вo бoлницa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош во Општата болница, е транспортиран на лекување во Охрид.

Како што изјави за МИА директорот на Болницата, Баки Алили, А.И. имал прострелна отворана рана во горниот десен дел на абдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Немилиот настан се случил на улицата „Вељко Влаховиќ”, во близина на Саат кула џамијата, а едно лице, осомничено за „убиство во обид”, е приведено.

-Околу 22:00 часот во нашата установа, со возило во приватна сопственост, беше донесено лицето А.И. со прострелна отворана рана во горниот десен дел на амдоменот и во горниот дел на десниот бубрег. Поради сериозноста на повредите, по дадената прва помош и терапија, повредениот го транспортиравме во најблиската установа, односно во хирушкото одделение во Охрид, рече Алили.

Според него, пациентот бил во свесна состојба и контактибилен.

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид”. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This