Kpивична пријава за директорот на „Водовод и канализација“ Прилеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР Битола – ОВР Прилеп, до ОЈО Прилеп, поднесе kpивична пријaва против Е.Ј.(49), директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп, поради постоење основи на cомнение за сторено kpивично дело „несовесно работење во службата“, З.К.(53) од Скопје, вработен во приватна фирма од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело „злiyпотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“, Д.К.(52) од Скопје, вработен во друга приватна фирма за сторено kpивично дело „Злoyпотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“ и против двете правни лица од Скопје поради постоење основи на cомнение за сторено kpивично дело „злoyпотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или приватно партнерство“.

Првoпријавениот, во текот на 2018 година во име на претпријатието спровел постапка за јавна набавка на стока – „уред за скенирање на подземни линии“ и наместо преку неа да овозможи рационално и ефикасно користење на средствата од претпријатието, после спроведената електронска аукција на која била постигната висока цена, донел и своерачно потпишал „одлука за склучување на договор“, наместо да ја поништи постапката затоа што цената била висока, тој создал услови за меѓусебен договор на двата економски оператори во постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии. На ваков начин предизвикал штета на буџетот од јавното претпријатие во износ од 2.300.000 денари.

Второпријавениот, во име на четвртопријавеното правно лице и третопријавениот во името на петтопријавеното правно лице, во текот на 2018 година во својство на единствени економски оператори, со меѓусебен договор, ја изиграле постапката за јавна набавка на уред за скенирање на подземни линии, спроведена од страна на договорниот орган ЈКП ,,Водовод и канализација“ Прилеп, на тој начин што не се ни спровел реален конкурентски однос помеѓу нив, односно само привидно, за мала вредност, ја спуштиле почетната цена и овозможиле да биде склучен договор за јавна набавка помеѓу договорниот орган и петтопријавениот правен субјект, за нереално висока цена.

За да и двата правни субјекти преку јавната набавка се стекнат со имотна корист, се договориле второпријавениот, во име на четвртопријавениот субјект, да ја изврши набавката на потребниот уред и истиот за сума скоро двојно поголема од набавната да го продаде на третопријавениот во име на петтопријавениот субјект, кој понатаму согласно договорот за јавна набавка го предал на договорниот орган. Преку постапката, двата економски оператори се стекнале со имотна корист во износ од 600.000 денари, односно од 1.700.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This