Kpивична приjaва против градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, до Основното јавно обвинителство во Прилеп, поднесува кривична пријава против градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во врска со донација на патничко моторно возило марка Мерцедес, поради основи на сомнение за сторени кривични дела од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, Општината застапувана од градоначалникот Илија Јованоски, уште во 2018 година склучила договор за донација, во кој договор Општина Прилеп се јавува како примател на донацијата, додека едно здружение се јавува како давател на донацијата и тоа патничко моторно возило марка Мерцедес, тогаш проценето приближно на 18.000 евра.

Во врска со оваа донација, преземени се сите процедурални дејствија за реализација на донацијата, освен најважното, запишување на сопственоста и преземање на владението на донираното возило во корист на општината.

После вака преземените дејствија, несомнено Илија Јованоски, требало да ги допреземе останатите дејствија преку кои возилото Мерцедес, ќе го преземе во владение и ќе го запише како сопственост на Општина Прилеп. На овој начин имотот на Општина Прилеп, останал помал за ПМВ Мерцедес, односно за околу 18.000 евра, колку што самиот донатор кажал дека вреди ова возило во моментот на донацијата.

Очекуваме, надлежното Основно јавно обвинителство – Прилеп, во најбрз рок да ги провери наводите во кривичната пријава, и после комплетирање на доказите и целокупната релевантна документација, да покрене обвинение против градоначалникот Илија Јованоски, вели Влатко Петкоски од Прилеп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This