Kpивични пpиjaви за cyдиитe кои го пpoдoлжиja пpитвopoт за Камчев поради двојни apшини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Без докази, во целосно нетранспарентна постапка, со прекршување на сите етички и морални начела, Кривичниот совет при Основниот суд во Скопје, уште еднаш ги потврди двојните аршини на правдата во Македонија со определувањето на куќен притвор за Драги Рашковски, истовремено потврдувајќи ја мерката ефективен притвор за Јордан Орце Камчев.

Од одбраната на Камчев сметаат дека ваквата одлука на Кривичниот совет не е ништо друго туку продолжување на тортурата врз Камчев.

– Јавно прашуваме дали изрекувањето на оваа скандалозна одлука за продолжување на притворот е само дополнување и проширување на тортурата која во првите 10 денови се вршеше врз г-динот Јордан Камчев во затворската институција, а која по увидот ја потврди и народниот правобранител? Само сега со злоупотреба на други институции и други средства?, стои во соопштението на одбраната на бизнисменот Јордан Камчев.

Дека се работи за незаконска постапка во која Кривичниот совет ги прекршил основните начела на фер одбрана и еднаквост на оружјата зборува и фактот дека крунскиот доказ врз кој се темели одлуката за изрекување на мерка ефективен притвор, фамозната белешка од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), се уште не е презентирана на одбраната, со што се одзема правото на одбрана на осомничениот, што пак претставува прекршување на основните човекови права и слободи согласно Европската конвенција за човекови права, но и актите на Обединетите нации кои се однесуваат на правата на човекот.

– Имено, до сега во изрекувањето на првата мерка притвор и судијата на претходна постапка и Јавниот обвинител работеле комплетно несовесно и незаконски и ја изрекле најстрогата мерка притвор, притоа непрезентирајќи докази на одбраната, односно, непрезентирајќи ја фамозната белешка, Информацијата од АНБ на РСМ СД бр.02-545/1 од 14 март 2021 година, која не само што  не е презентирана туку дури и во случај истата да постои е незаконита како доказ.
Минатата недела, по ист скандалозен основ, Кривичниот совет го прифаќа предлогот на ЈО и изрекува нови 30 дена притвор, велат од адвокатскиот тим на Камчев во соопштението испратено до медиумите.

Со ова, повторно флагрантно е повреден чл. 5 од ЗКП4 од страна на „ОЈОГОКК-Скопје” со чинот на донесувањето на својот Предлог за продолжување на мерката притвор спрема осомничениот Јордан Камчев.
Истите докази кои сега биле доставени кон Предлогот на „ОЈОГОКК-Скопје” за продолжување на мерката притвор против Камчев се видно спротивни на член 12 од ЗКП и на член 110 од Законот за јавното обвинителство.
Противправно е заснован и Предлогот за продолжување на мерката притвор против Камчев, како и посебно на фамозната информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14.03.2021 г.) на АНБ која Информација и овој пат фактички претставува единствениот доказ врз чија основа „ОЈОГОКК-Скопје” сега го засновал и својот овде наведен Предлог за продолжување на мерката притвор против осоничениот Јордан Камчев.

Дека против Камчев се води организирана хајка, упатува и фактот што во новото барање за продолжување на мерката ефективен притвор, како дополнителна причина се наведува и случајот „Империја“ кој повеќе од 36 месеци е во истражна постапка, иако законскиот рок за истрага е шест месеци, односно максимум 15 месеци по што постапката мора да биде запрена или да биде подигнато обвинение.

Во овој случај, ниту постапката е запрена, иако се пробиени сите рокови за повеќе од два пати, ниту е подигнато обвинение. Ваквото постапување на обвинителите пак води до кривична одговорност.

За предлогите истражни рокови на обвинителството реагираше и американскиот Стејт Департмент, кој го критикувше работењето на обвинителите, токму поради малтретирањето на осомничените со предолги истраги поради кои се ускратени правата и слободите на луѓето засегнати од овие истраги.

– Во решението Јавниот обвинител се повикува на потреба за продолжување на притворот дополнително и за постапка, која се води за случајот “Империја”, а за која патем водат неразумно долга и надвор од законските рокови истрага од повеќе од 36 месеци, и постапка за која што веќе г-динот Камчев бил во притвор. Во таа насока во наведениов случај имаме повреда на членот 7 Забрана за двојно судење или казнување според кој – „ Никој не може повторно да биде суден или казнет за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена правосилна судска одлука, велат од одбраната.

Небулозна е одлуката на судот за продолжување на мерката ефективен притвор и по уште еден основ – можноста за бегство на Камчев бидејќи поседувал две патни исправи. Вистината пак е дека и двете патни исправи на Камчев се одземени, а истовремено судот му издал времена патна исправа со важност од шест месеци која ја употребил дури 60 пати. И, како што рече екс-министерот за одбрана на Бугарија Красимир Каракачанов, ако Камчев сакал да избега од Македонија, тоа ќе го сторел досега.

– Во решението скандалозно Јавниот Обвинител како една од причините за можно бегство наведува дека осомничениот поседува две патни исправи. Ја потсетуваме дека двете патни исправи се веќе депонирани во судот и за истото веќе имаме доставено и докази. Во меѓувреме, додека осомничениот поседуваше времена патна исправа од 6 месеци, осомничениот ја искористил истата повеќе од 60 пати за влез и излез во државата. Овој факт покажува дека осомничениот воопшто немал никаква намера да бега бидејќи доколку сакал, можел и ќе ја искористел шансата додека ја поседувал и користел времената патна исправа.

Со кривична одоговорност ќе се соочат и судиите во претходна постпка, дел од Кривичниот совет кој го продолжија ефективниот притвор на Јордан Камчев, откако денес, како што информираат од правниот тим на бизнисменот, поднесени се и кривични пријави.

– Ја известуваме јавноста дека пред Републичкиот Совет поднесовме претставка за несовесно и нестручно работење на Судија на претходна постапка како и на судиите од Кривичен Совет кои одлучуваа и изрекоа мерка притвор и по втор пат, повторно без презентирање на докази. Денеска ја информираме јавноста дека за нивното работење поднесуваме и кривични пријави, велат од одбраната на Камчев. 

Кривична пријава има и за обвинителката Лиле Стефанова, која во овој случај ниту е местно ниту стварно надлежна, со што законски е спречена да го застапува овој предмет.

Стефанова е и дискредитирана во овој случај поради кривичната пријава против неа која ја води токму Јордан Камчев, а поради несовесно постапување.

Стефанова беше и дел од случајот „Рекет“ во кој обвинители од СЈО изнудувале пари до Камчев за заташкување на случајот „Империја“.

– Воедно поднесовме барање до ЈО за изземање на обвинителката Лиле Стефанова која првенствено нема ниту стварна ниту месна надлежност за случајот и е компромитирана како обвинител кој беше дел од СЈО кога се потврди случајот ,,Рекет’’. За неа се поднесени кривични пријави од страна на Јордан Камчев во врска со нејзино незаконско постапување во предметот ,, Империја’’, а невозможно е да остане незабележан личниот анимозитет и непрофесионален однос кон г-дин Јордан Камчев, кој во нејзините јавни излагања досега, се нема ни обидено да го прикрие, велат од одбраната на Камчев.

Дополнително на тоа, уште еден доказ за пристрасно, незаконско, скандалозно и тендециозно судење е и тоа што во предлогот на Обвинителката за продолжување на притворот навела десетици фирми во странство и оф-шор компании тврдејќи дека се во сопственост на г-дин Јордан Камчев што е ноторна лага и за истото до судот се доставени докази, коментираат од одбраната на Јордан Камчев, истакнувајќи дека обвинтелката Стефанова пограшно го информирала судот кога тврди дека Камчев поседувал и станови во Бугарија.

Јордан Орце Камчев вработува 3.000 луѓе во своите компании, кои годишно добиваат бруто плата во износ од 30.800.000 евра, а по основ на даноци компаниите на Камчев ја полнат државната каса со 18.500.000 евра.

Истовремено, додека еден од ретките успешни Македонски бизнисмени седи во затвор, Драги Рашковски кој е осомничен за кражба на државни пари доби куќен притвор.

Ако ова не се двојни аршини, тогаш Вие кажете ми што се?

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This