Kpивичнa за тројца тинејџери, пaлeле контeјнери низ Тетово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поднесени се кривични пријави против тројца малолетници за намерно палење контејнери.

„Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност“, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загадување на животната средина и природа“, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Малолетниците на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците „Благоја Тоска“, „107“ и „Илинденска“ во Тетово, прекршувајќи ја при тоа и забраната за движење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This