Kpиминал тежок милиони евра, Нова Логистик единствена компанија која замина во стечај со прикажана добивка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драмата во Фени индустри започна во 2017 година, неколку месеци пред на крајот од месец ноември Основниот суд во Велес да донесе одлука кавадаречки фирма да оди во стечај. Стечајот беше прогласен по барање на три банки доверители Стопанска Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и Силк роуд Банка АД Скопје, кои побаруваат 40 милиони евра.

Од Синдикатот на ФЕНИ по покренатата претстечајна постапка за комбинатот решија своите барања да ги изразат на улица. Вработените во кавадаречкиот комбинат Фeни на протести бараа фирмата да биде продадена на странски инвеститор наместо да заврши во стечај, но властите останаа глуви пред нивните барања.

Она што беше многу интересно е тоа што се појави компанија која беше доста сериозно заинтересирана да го купи некогашниот кавадаречки гигант, се работеше за компанијата „Енекод“. Сепак зделката со бугарската компанија пропадна откако извршниот директор на компанијата обвини дека Македонски банкари и некои медиуми ја рекетираат и гонат бугарската компанија „Енекод“ која сака да го спаси металуршкиот комбинат „Фени“ во Кавадарци во кој работат 850 луѓе.

Во јавноста се шпекулираше дека евентуалното згаснување на металуршкиот комбинат „Фени индустри“ ќе повлече затворање уште стотина фирми, од кои 56 од Кавадарци, кои вршеле транспорт за фабриката. Транспортерите до гуша заглавени во кредити посочува дека фирмата ќерка на „Фени“, „Нова логистик“, задолжена за транспорт, им должи околу 4 милиони евра оти не ги плаќала обврските со месеци.

„Сите сме заглавени со кредити и хипотеки, а веќе осум месеци ‘Нова логистик’ не ни плаќа. Ќе нè направат и бездомници оти многумина, за да купат камиони, ги заложија куќите. Во Кавадарци овие 56 фирми транспортери имаат околу 200 камиони, сите возат за ‘Фени’. Ние сме сведоци на деструктивно работење веќе 2,5 години, цело време сме под притисок. ‘Нова логистик’ ги добива парите од ‘Фени’ за транспортот за 45 дена, нас ни направи да ги добиваме на 140 дена, па на 240 дена и сега уште ништо не ни исплатиле. Лани нè натераа да потпишеме дека долгот ќе ни го исплатат во 2017 година. Да сме ја помогнеме фабриката. Принудени бевме да потпишеме, ако не потпишеш, нема да ти даде налог и пропаѓаш“, изјави тогаш еден од транспортерите.

Состојбата со Фени не помина без кривични пријави. Адвокатското друштво Апостолски како правни застапници на БСГР, малцинскиот акционер на Кунико Ресурсис, групацијата во чија сопственост е Фени индустри, покрена кривична постапка против раководството на Фени за кривични дела „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената должност и овластување“, „измама“, „оштетување или повластување на доверители“, како и други бројни дејствија со кои е нанесена штета на БСГР и на други засегнати страни.

– Почнуваме со кривична постапка против главниот извршен директор на Фени индустри, Јусуф Миракхмедов кој свесно ја искористил службената положба и овластување за прибавување имотна корист за себе или други лица, измама од големи размери, па на така криминално прибавените средства преку нелегални парични текови им ја прикрил локацијата и движењето, со што направил класичен случај на перење пари – посочувија од Адвокатското друштво Апостолски.

Правните застапници на БСГР покренаа и постапка соизвршителство, против генералниот извршен директор Јусуф Миракхмедов и сопственикот, претходно менаџерот на Нова Логистика, Надица Атанасова-Кабранова кои според адвокатското друштво биле вклучени во перење на пари преку Нова Логистика.

– Кривичната постапка за нив е за злосторничко здружување, за вршење на бројни нелегални трансакции и активности меѓу Фени индустри и Нова Логистика, преку кое е вршено перењето пари, при што Нова Логистика, иако била фирма ќерка на Фени индустри, на незаконски начин преминала во сопственост на Надица Атанасова-Кабранова. Следствено на тоа, имаме основи на сомневање за помагање, заговарање и овозможување на горенаведените криминални дејствија од страна на Амир Абед, кој фигурира на повеќе нивоа во Фени индустри и Кунико Ресорсис, како и Џереми Неадс, неизвршен член на одборот на директори на Фени индустри и други функции на ниво на групацијата – нагласуваат од Адвокатското друштво Апостолски.

Нова Логистик е единствена компанија која со прикажана добивка и е отворена стечајна постапка. Нашите извори велат дека стечајната постапка е намерно предизвикана од страна на транспортна компанија по договор со ЕУРОНИКЕЛ, со цел да се превземе недвижниот имот на Нова Логистик. По објавувањето на Јавниот Повик од страна на Еуроникел во сите медиуми во државата за откуп на побарувања во стечајната постапка во висина од 100%, единствена компанија со која свесно не се склучи договор за откуп на побарувањата е Нова Логистик иако компанијата се пријави во законскиот рок кој беше објавен.

Ако се потпишел договор за откуп на побарувањата помеѓу Еуроникел и Нова логистик, како што тоа е сторено со останатите 99% од доверителите на Фени, Нова Логистик би ги исплатила сите свои побарувања, а со тоа и побарувањата на Еуроникел во Нова Логистик и фирмата би продолжила да работи. За ова Стечајниот управник бил должен да се потруди да ја обезбеди Нова а управителот на Еуроникел бил должен да обезбеди договор соласно Јавниот повик.

Не е јасно каде е економската логика на Еуроникел кога ги исплаќа сите доверители на Фени во висина од 100% од утврдените побарувања преку договори за откуп , Нова е игнорирана а Еуроникел е доверител на 3 милиони евра во Нова преку откупот на доверителите. По изгласувањето на планот за реорганизација за Фени во стечај, Еуроникел се намирува само со 15% преку Нова па со ова се поставува прашање која е логиката сами да си наштетат.

Еуроникел откако ги откупи со меѓусебен договор сите побарувања на транспортерите и други доверители продолжија со работа без никаква гаранција према нив и со одложено плаќање. Имотот со кој Нова располагаше во своја сопственост и истиот беше гаранција сега преку стечајна постапка сакаат да го отуѓат на фирми блиски на нив за цена која нема да намири ни 10% од проценетата вреност на имотот (Петрол Кокс Машина и Далековод).

Доказ за ова е тоа што пред неоклку месеци имаше обид преку јавен оглас од страна на Стечајниот управник да се продаде овој имот, а од страна на една заинтересирана компанија беше понудена многу ниска цена за машината и далеководот. Понудените цени во вредност ни 10% од проценетата тогаш не поминаа. Сега преку интернационален оглас во Financial Times стечајниот управник повторно се обидува да изврши продажба на имотот, па се поставува прашање дали стечајниот управник и стечајниот судија ќе дозволат продажба на истите за вредност која би значела причинување на штета на компанијата и на доверителите. Со оглед дека целата постапка за Нова е крајно сомнителна јавноста треба да биде вклучена во сите дејства околу оваа компанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This