Kpитичнo вo Кавадарци: За 4 дeнa 100 нoви cлyчaи нa кopoнaвиpyc – ce пoлни и Koвид oддeлoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За четири дена во оваа недела, во Кавадарци се регистрирани 100 нови ковид позитивни случаи, покажуваат резултатите од ИЈЗ. Неколку дена Кавадарци е на прво место по нови случаи, споредено со бројот на жители.

Во моменов има активни 379 ковид позитивни, а од почетокот на пандемијата се регистрирани 2705 случаи. Починати се 82 лица.

Се полни и ковид одделот во кавадаречката болница. Од понеделникот до вчера примени се 11 нови пациенти. Во моментов се лекуваат вкупно 25, а слободни се 35 болнички кревети.

На социјалните мрежи кавадарчани со поделени коментари. Едни стравуваат, други и понатаму со тврдење дека состојбата не е загрижувачка и непотребно се шири паника. Има и такви кои сеуште не веруваат дека вирусот е присутен.

Дел од граѓаните сметаат дека бројот на нови случаи во Кавадарци се зголемува, бидејќи не се почитуваат превентивните мерки, пред се од младите кои ги полнат кафетериите и таму дружбата им е без маски. Друг дел од граѓаните забележува дека се почести се дружбите на имендени и слави, но и дружби без повод.

Има коментари и  дека полицијата не доволно си ја врши работата и не се казнуваат граѓаните кои не носат маски. И статистиката од СВР Велес покажува дека во Кавадарци се изрекуваат најмал број на казни,  поради овој прекршок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This