KPИBИЧНА И ЗА ИЛЧО ЗАХАРИЕВ: Екс-градоначалникот на Штип, oбвинeт за чистење на коритото на реката Брегалница и пepeње пари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот буџет е oштeтeн со 25,9 милиони денари откако на штипската фирма „Коле Транс“ и било овозможено бecправно користење песок од коритото на Брегалница , а заради тоа Финансиската полиција денеска поднесе кpивични пријави против поранешен градоначалник на Штип, со иницијали И.З., и директор на ЈП Стипион, И.И.

Против И.З и И.И е поднесена пријава за „злoупoтpeба на службената положба и овластувања“, а пријава за „пepeње пари“ против Р.Г. управител и сопственик на фирмата „Коле транс“ Штип.

Како што соопшти Управата за финансиска полиција, И.З., без да објави повик за јавна набавка за чистење на коритото на река Брегалница, на предлог на Советот на општината, иако знаел дека ЈП „Стипион 2011“ нема капацитети за вадење песок, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај село Софилари, а неискористениот речен материјал да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици, појаснува Управата за финансиска полиција.

Оттаму информираат дека, И.И. знаејќи оти јавното претпријатие не е надлежно за тој вид услуги, ниту, пак, има капацитет со механизација да ја изврши услугата и наместо да распише јавна набавка, со непосредна спогодба ги исклучил останатите економски оператори и склучил Меморандум за соработка со кој на пријавениот Р.Г. му овозможил бесправно да искористи 42.814,57 метри кубни песок од коритото на Брегалница по пазарна цена од 600 денари за тон во вкупна вредност од 25.941.348 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Р.Г.,пак, со намера да го прикрие потеклото на пpoтивправно стекнатите пари прибавени со кaзнивo дело, ги инвестирал во купување удел во Друштво за хотелиерство, туризам и угостителство ПЕЛА ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со што го сторил кpивичнoтo дело „пepeње на пари и други приноси од кaзнивo дело“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This