KPИBИЧHA ЗА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: Родитлите на децата кои нe успеаа да се запишат во училиште поднесоа kpивичнa пpoтив министерот за здpaвcтвo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Управниот суд ќе одлучува за иднината на првачињата кои останаа надвор од училишните клупи бидејќи се невакцинирани. Група на родители застапувани од адвокатското друштво Давидовиќ – Јанковиќ веќе поднеле тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование, објавува Сител.

Адвокатот Давидовиќ е дециден дека сите деца треба да бидат во училиште додека судот не донесе одлука. Вели дека здравство нема право да се меша во делот на образованието и затоа покрај тужбата до обвинителството поднеле и кривични пријави против министрите Филипче и Адеми како и директори на училишта поради злоупотреба на службената должност.

-се крши уставното право за задолжително образование, да ги исклучувате и да создавате необразовани деца во 21 век. И министерот за обраозвание не го почитува Уставот, иако и вакцинацијата е задлѓителна но во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, а не фунцкционираат, требаљло порано сите деца да бидат вакцинирани а не сега на 7 години да го тераат да прима вакцина која е на 9 месеци. Ако добеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур, вели Звонко Давидовиќ, адвокат од адвокатско друштво Давидовиќ Јанковиќ.

И додека родителите правдата ќе ја бараат на суд, министерот за здравство не отстапува – вакцинацијата останува задолжителна за упис во училиште и градинка.

Не отстапуваме од ова, ако не ја донесевме одлуката за задолжителна вакцинација може да замислите колку заболени и починати ќе имаше. Неделава ќе имаме состанок со комисијата за заразани болести да видиме дали треба да се донесе друга препорака, но нема да се смени тоа што го бараме при упис во градинка и училиште, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче најави дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе ги заслили контролите во образовните установи и ќе ги проверуваат вакциналните картони како и информациите дека во некои училишта запишувале и невакцинирани деца.

Минатата недела биле регистреирани 5 случаи со морбили, сите деца кои не биле вакцинирани против МРП.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This