KPAXИPA ЕКОНОМИЈАТА: Сточарите нeмaaт пapи за xpaна за овците, откупот е мизepeн, државата ќе им пoмaгa во 2021.година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Нешто помалку од 40% е овогодинешниот реализиран откуп на јагне од планираниот, а и оние капацитети кои се откупени се по понижувачки цени. Цената на жива мера по килограм јагне во Малешевијата се движи од катастрофални 90 денари, до максимум 120 денари по килограм.

Откупот на јагне кој требаше да заврши некаде до крајот на јуни, најверојатно нема да се случи ако знаеме дека до овој момент, кога во „нормални“ години веќе биле резервирани сите капацитети, е само околу 40% од целокупниот капацитет, односно 60% од планираните јагниња за продажба по кланичен систем се уште се во трлата.

Оној откуп пак кој се врши во Малешевијата, но и во централна Македонија е по катастрофални цени, се жалат сточарите, а се движи од 90 денари по килограм жива мера јагне, до максимални 120 денари. Доколку се пресмета максималната постигната цена во текот на досегашниот отку од 120 денари, остануваат уште 60 денари до постигнување на производната цена на килограм жива мера на јагнето.

„Производна цена на јагнето се движи до 174 до 180 денари. Нас ни нудат откуп за 90 денари, како да преживееме ние“ – прашува Митко Јанков, претседател на здружениот „Агро Центар“ од Велес.

Според Јанков, мерките кои досега им ги ветиле од Владата биле чист популизам. Тој објаснува дека субвенциите кои ги ветиле се предвидени за 2021 година, а дотогаш тие немаат начин како да ги прехранат животните и да одржат здрава популација на овци.

„Ланските субвенции се уште не се исплатени. Се уште немаме добиено пари за грло овца – 1.100 денари. Уште не се стигнати парите за зачувано женско јагне од 700 денари. Тоа се субвенции од минатата година, а околу 30 до 40% од сточарите се уште ги немаат добиено парите. Ова сега што го ветуваат, по 1.500 денари за задржано женско јагне се мерки за идната година. И прашање е дали и тогаш ќе се исплатат. До тогаш, што да правиме?“ –  прашува Јанков, сточар со стадо од околу 300 овци.

Колку за споредба, килограм жива мера јагне во Бугарија се откупува по седум лева, односно 220 македонски денари. Дополнително на ова, Бугарската влада спроведе интервентна финансиска инекција кај сточарите од 15 милиони евра. Во Албанија цена на килограм жива мера јагне е четири евра – и таму државата интервенира со цел да се спасат сточарските капацитети.

Во Македонија, цената за откуп на килгорам жива мера на јагне е 1.5 до 2 евра. Субвенциите од минатата година не се исплатени, интервентни мерки нема, а ветените ќе се исплатат дури во 2021 година.

Ванѓелина Пармачка, сточар со 500 грла овци од Берово пак вели дека состјобата со сточарството никогаш не била полоша.

„И лани беше исто, но се издржуваше. Оваа година откупот го нема, а и тој што го има е по катастрофални цени. Во Малешевијата се откупува од 90 денари по килограм, до 105-110 денари максимална цена. Тоа не се издржува“ – вели Пармачка.

Сточарите од Малешевијата пак имаат дополнителен проблем што нивните пасишта се суви, посни, и тие се принудени овците да ги хранат со индустриска храна. За разлика од нив пак, овчарите во Западна и Централна Македонија барем од тој аспект се покомотни.

„Ние тука имаме дополнителен проблем. Овчарите во Централна и Западна Македонија ги вадат овците на паша затоа што имаат добри пасишта. Кај нас пасиштата се суви. Посни. Мораме да купуваме храна да ги прехраниме овците, инаку ќе изумрат“ – вели Пармачка за Инфомакс.

Од различни здруженија пак до Владата, односно министерството за земјоделство барале интервентно да се обезбедат по 400 денари за грло овца, пари кои ќе им помогнат да се надмине оваа ситуација во која јагнињата кои требало да бидат откупени пред еден месец, сега треба да се исчуваат и да се прехранат.

Трајан Димковски пак, иако ветил дека ќе им излезе во пресрет, се уште не превземал никаква мерка. 

„Помошта ни е потребна вчера. Ние немаме време за чекање, работиме со живи суштества“ – заклучува Јанков за „Инфомакс“.

 

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This